Вистински атракција: Слон црта слон (видео)

Ова е слончето Суда од паркот на слоновите Мае Саи во Тајланд. Тоа овде е главна атракција, а за неа се грижат посебни луѓе кои се дел од здравствената болница за слонови, која се наоѓа во близина и едукативниот центар каде тоа вежба.

malo-slonce-moze-da-se-nacrta-samo-sebe-01

Она што нагласуваат од овој центар е дека тоа не е малтретирано како циркуските слонови, туку го гледаат како дете.

Не е изнесувано и маченo по улиците на Тајланд за да биде атракција со која тие ќе заработуваат пари од луѓето, туку грижливо е чувано во паркот, каде може да ја покаже својата уникатна вештина.

malo-slonce-moze-da-se-nacrta-samo-sebe-2

Суда со својата сурла може да земе четка за сликање и на платно да се нацрта самото себе или некој друг интересен облик.

Познато е дека слоновите се интелигентни, тие ги памтат местата каде што имаат вода дури и ако биле таму само еднаш, а чувствуваат и некои емоции како луѓето.

Затоа, не е воопшто чудно што таа знае да црта како дете.

malo-slonce-moze-da-se-nacrta-samo-sebe-3


Погледнете како изгледа тоа:

Би можело да ве интересира:

Убави вести од НП Шар Планина: Забележани се два нови балкански риса – сега има вкупно пет „Имаме нова радосна вест! На нашите трап-камери на територијата на паркот неодам...

Најчитани неделава