Најскапите домашни миленици во светот

Ако сакате животни, а не можете да си дозволите да купите, секогаш можете да вдомите. Но, од друга страна, погледнете што можете да си дозволите, ако буџетот за миленик ви е неограничен.

najskapite-domasni-milenici-vo-svetoto-1--

Ова е списокот на неколку домашни миленици, за кои нивните сопственици платиле цело богатство за да ги поседуваат:


1. Померанско куче

Најмалиот померан на светот се вика Amazing и чини 13 илјади долари. Тежок е 340 грама, а висок нешто повеќе од 6 сантиметри. Горда сопственичка на померанот е популарната Париз Хилтон.

najskapite-domasni-milenici-vo-svetoto-1


2. Бенгалска мачка

Оваа мачка е еден вид на комбинација од изгледот на азиската леопардска мачка која има темперамент на припитомена семејна мачка. Една ваква мачка е продадена во Лондон во 1998 година за 41.000 долари.

najskapite-domasni-milenici-vo-svetoto-2


3. Тибетски мастиф

Во месец март, оваа година е продадено најскапото куче на светот. Истиот е купен на саем за домашни миленици за неверојатни 1,95 милиони долари. Во Кина се верува дека овој миленик им носи среќа и здравје на сопствениците, па затоа тибетскиот мастиф е симбол на богатите Кинези.

najskapite-domasni-milenici-vo-svetoto-3


4. Златен ретривер

Но не било каков ретривер. Овој вреди 155 илјадни долари, а причината за тоа е што тој е клониран. Првото куче од истата фамилија на кучиња умрело од рак. Тогаш сопствениците одлучиле да го клонираат.

najskapite-domasni-milenici-vo-svetoto-4


5. Крава

Госпоѓица Миси е најскапата крава во светот вредна 1,2 милиони долари. Во 2009 година таа освоила прво место на едно од најпознатите светски натпревари за животни, а за да ја задржи, нејзината сопственичка го платила тој износ.

najskapite-domasni-milenici-vo-svetoto-5


6. Коњ

Станува збор за коњот по име Грин Манки, кој бил продаден уште како ждребе за вртоглави 15 милиони долари. Тој е потомок на два коња, кои го освоиле престижниот Кентаки Дерби. Сепак, тој досега не освоил ниту еден натпревар. 

najskapite-domasni-milenici-vo-svetoto-6

Би можело да ве интересира:

Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...

Најчитани неделава