Хит на Инстаграм: Воли - Зајчето со уши како крилја

Воли и неговата сопственичка Моли од САД станаа познати по нивниот Инстаграм профил каде беа објавени сликите од новата „фризура“ на Воли.

voli-zajceto-so-ushi-kako-krila-001.jpg

Станува збор за специфична раса на зајак познат како Англиска ангорка.

Овие зајаци се одлгедуваат за ниното долго волнено крзно кое е помеко и од кашмирот. Англиските ангорки се најстариот вид на домашни зајаци и првпат биле одгледувани во Анкара, Турција.

Во 18-иот век станале популарни во Франција и денес се чуваат како домашни миленичиња затоа што наликуваат на мали кутриња или мечиња.

Воли е роден во јули 2014 година и сега имате можност да ги погледнете смешните слики од неговите неодоливи уши кои се налик ангелски крилја.

Би можело да ве интересира:

16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава