Кога мачор ќе си го преземе бебешкото креветче

Двете слики од мачорот кој лежи во креветот на бебето кое го очекуваат, се покажала како многу популарна откако Макс Браун ја постирал на Редит.

napravile-krevetce-za-bebeto-koe-go-ocekuvaat-a-sega-nivniot-macor-spie-na-nego-01.jpg

Макс и неговата жена минатото лето се венчале и сега го очекуваат своето мало девојче.

Она што им го прави животот уште позабавен е тоа што, откако се подготвиле со ново креветче за малечкото, нивниот мачор одлучил дека креветчето е за него и секое утро го минува лежејќи на него.

napravile-krevetce-za-bebeto-koe-go-ocekuvaat-a-sega-nivniot-macor-spie-na-nego-1.jpg

Мачката е именувана како Фин и е 3 години стара мачка со „силен и инаетлив карактер“ - како што вели Макс.

„Тој тежи речиси 9 килограми и самиот факт што успева да се качи на него е воодушевувачки“ - додава Макс.

napravile-krevetce-za-bebeto-koe-go-ocekuvaat-a-sega-nivniot-macor-spie-na-nego-2.jpg

Откако ги објавил овие слики, добил многу совети од луѓе кои наишле на истиот проблем.

„Во главно слушнавме дека на крајот на краиштата ова и не е така голем проблем. Но, само колку да се ослободиме од проблемот, таткото на мојата жена ќе направи уште едно креветче за Фин да не биде љубоморен и да има свое ново катче за спиење“ - заклучува Макс.

Би можело да ве интересира:

Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава