За поубав ден: Авантурите на ретриверот Боб и неговата дружина

Најновата ѕвезда на социјалните мрежи е ретриверот Боб кој има покрај него 8 помали пријателчиња. Веселата дружина прилично добро се согласува и забавува.

vesela-druzina-tretriver-hrcak-i-papagali-koi-kjee-ve-raspolozat-01.jpg

Луиз Хига кој живее во Сао Паоло е сопственикот на оваа прекрасна дружина и постојано објавува фотографии од неговите миленици. Боб и групата пријатели кои уживаат во многу активности заедно, посебно во нивниот појадок.

Нивниот сопственик може слободно да ги изнесе заедно на прошетка во паркот, бидејќи папагалите се секогаш во близина на ретриверот и не се одвојуваат од него.

Боб е стар 9 месеци и во домот на Хига се доселил кога бил стар само месец дена. Пред него Хига земал две папагалчиња и потоа продолжил со традицијата. Сега се вкупно 9 пријатели на број: куче, хрчак и 7 папагали.

Боб има околу 24.000 фанови на Фејсбук и повеќе од 115.000 следбеници на Инстаграм.

Би можело да ве интересира:

Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава