Кутре оставено на аеродром заедно со порака која раскажува цела животна приказна


Кутре оставено на аеродром заедно со порака која раскажува цела животна приказна

За жал, сопственичката на 3-месечната чивава немала друг избор освен да ја напушти.

kutre-ostaveno-na-aerodrom-zaedno-so-poraka-koja-raskazuva-cela-zivotna-prikazna-01.jpg

Чуи, малечката кремаста чивава, била пронајдена сама на аеродром во Лас Вегас.

kutre-ostaveno-na-aerodrom-zaedno-so-poraka-koja-raskazuva-cela-zivotna-prikazna-07.jpg

Иако напуштањето на домашниот миленик се смета за сурово и бесчувствително, во овој случај, пораката која стоела до кутрето ги разјаснила работите.

kutre-ostaveno-na-aerodrom-zaedno-so-poraka-koja-raskazuva-cela-zivotna-prikazna-02.jpg

„Здраво! Јас сум Чуи! Мојата сопственичка беше во насилна врска и не можеше да си дозволи да ме земе со неа во авион. Не сакаше да ме остави со целото нејзино срце, но немаше друга опција.

Мојот бивши дечко го шутна кутрето кога се расправавме и сега има голема џумка на главата. Веројатно треба да го прегледа ветеринар.

Го сакам Чуи толку многу – ве молам сакајте го и грижете се за него.“

kutre-ostaveno-na-aerodrom-zaedno-so-poraka-koja-raskazuva-cela-zivotna-prikazna-03.jpg

За среќа, Чуи не бил сам долго.

kutre-ostaveno-na-aerodrom-zaedno-so-poraka-koja-raskazuva-cela-zivotna-prikazna-04.gif

Го пронашла љубезна личност која го однела во најблискиот стационар за спасување бездомни животни, каде му била пружена потребната помош.

Кога целосно ќе закрепне, Чуи ќе биде подготвен за вдомување.

Вработените во стационарот само посакуваат и приказната на неговата сопственичка да има ваков среќен крај.

kutre-ostaveno-na-aerodrom-zaedno-so-poraka-koja-raskazuva-cela-zivotna-prikazna-05.jpg

kutre-ostaveno-na-aerodrom-zaedno-so-poraka-koja-raskazuva-cela-zivotna-prikazna-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мачка, која била исчезната 10 години, повторно е дома Алекс очајно ја барала својата мачка и лепела постери во 2009 година , но од неа...
Запознајте ги индиските верверички, чии крзна се прелеваат во неколку ... Во Индија живее редок вид на верверички, кои се далеку поголеми од оние кои ни с...
Позитив на денот – Кога миленичето има поубава коса од вас, Сторм е „Р... Сторм е 8-годишна кобила од Холандија која ѝ припаѓа на расата Хафлингер (Haflin...