Ретки меланистички животни кои се вистинска убавина за оваа планета


Ретки меланистички животни кои се вистинска убавина за оваа планета

Можете ли да замислите сосема црна кокошка или верверица? Изгледаат магично!

6 retki melanistishki zivotni koi se vistinska ubavina za ovaa planeta 01

Меланизам е физиолошка појава при која се јавува зголемена црна или близу црна пигментација, било да е тоа на кожата, пердувите или влакната на еден организам. Се јавува како резултат на присуството на пигментот меланин.

Меланизмот е спротивен на албинизмот, кој се јавува како резултат на недостаток на меланинот. Кај луѓето, оваа појава се нарекува меланоза.

Кај животните нивните вистински бои се заменети со црна, па кога ќе ги видите некои од нив едноставно нема да ви се верува дека постојат.

Црни змии

Меланистичките змии се најопасните змии. Црната змија мамба е најотровната во светот. Иако е во една боја, природата и дала совршена текстура и таа изгледа навистина впечатливо.

6 retki melanistishki zivotni koi se vistinska ubavina za ovaa planeta 02

Црн гуштер

Меланистичките животни изгледаат убаво, но кај рептилите црната боја помага во опстанокот. Нивната кожа слабо рефлектира светлина и го намалува биењето на срцето.

6 retki melanistishki zivotni koi se vistinska ubavina za ovaa planeta 03

Црна верверица

Меланизмот за вервериците е одличен, бидејќи го зајакнува нивниот имун систем.

6 retki melanistishki zivotni koi se vistinska ubavina za ovaa planeta 04

Црни кралски пингвини

Овие кралски пингвини се сосема црни и се однесуваат нормално и изгледаат здраво, како и другите членови на колонијата.

6 retki melanistishki zivotni koi se vistinska ubavina za ovaa planeta 05

Црна лисица

Црната лисица е редок член на семејството црвени лисици. Поради генетски нарушувања кај некои црвени лисици сега имаме по некоја црна.

6 retki melanistishki zivotni koi se vistinska ubavina za ovaa planeta 06

Црна кокошка

Кокошката Ayam Cemani од Индонезија има црни канџи, перја, месо и коски. Единствениот дел од нив кој не е целосно црн е нивната крв, која сепак е потемна од онаа на обичните кокошки.

6 retki melanistishki zivotni koi se vistinska ubavina za ovaa planeta 07

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена има домашно милениче кокошка - дури и се сончаат заедно (фото) Тие имаат силна врска и секаде одат заедно. Кога ќе се умори кокошката Chookie н...
7 митови за мачките во кои многумина залудно веруваат Мачките се чудесни, крзнени, мали животни со кои го делиме просторот за живеење....
8 знаци дека сте претерано опседнати со вашето милениче Миленичињата е невозможно да не ги сакаме со целото свое срце, но како и со секо...