Верувања за животинскиот свет кои се покажале како неточни
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Kelner 18-08-2019
КЕЛНЕР 18-08-2019


Верувања за животинскиот свет кои се покажале како неточни

Дали сте од оние кои веруваат дека краставите жаби може да ви пренесат краста или дека додека спиете, јадете инсекти?

mitovi-za-zhivotinskiot-svet-koi-se-pokazhale-kako-netochni-01.jpg

Животинскиот свет крие многу тајни и мистерии, но и митови кои се предизвикани од погрешни илустрации во сликовниците или во цртаните филмови.

1. Мравојадите ги вшмукуваат мравките

Ниту еден од познатите видови мравојади не ги вшмукуваат мравките од нивните живеалишта со своите сурли. Тие всушност имаат долги јазици со кои ги лепат мравките и можат да изедат и до 20.000 инсекти на ден.

mitovi-za-zhivotinskiot-svet-koi-se-pokazhale-kako-netochni-02.jpg

2. Камелеоните ја менуваат бојата за да се претопат со околината

Тие всушност не ја менуваат бојата во склад со околината, туку со температурните промени во околината. Поради распоредот на нанокристалите на површината на нивната кожа, тие ги рефлектираат боите од околината.

mitovi-za-zhivotinskiot-svet-koi-se-pokazhale-kako-netochni-03.jpg

3. Малите змии се поопасни од возрасните

Верувањето е дека малите змии немаат контрола колку отров испуштаат кога ќе каснат, но тоа не е точно. Кај едни видови дури ни возрасните змии не „контролираат“ колкава количина отров пренесуваат, а кај други, колку се постари, толку се поотровни.

mitovi-za-zhivotinskiot-svet-koi-se-pokazhale-kako-netochni-05.jpg

4. Сите „јадеме“ инсекти додека спиеме

Иако се случува луѓе да проголтаат инсект додека спијат, голема е веројатноста дека всушност немате „изедено“ ниту еден пајак во текот на вашиот живот. Вашата уста воопшто не е привлечно место за инсектите, па можете да спиете мирно понатаму во животот.

mitovi-za-zhivotinskiot-svet-koi-se-pokazhale-kako-netochni-06.jpg

5. Краставите жаби може да ви пренесат краста

На краставите жаби воопшто нема краста, туку таква им е кожата, рапава и полна со брадавици кои испуштаат одбранбени токсини за да се заштитат од околината. Не треба да ги допирате бидејќи се работи за отровни излачувања, но и ако ги допрете, во никој случај нема да ви пренесат краста.

mitovi-za-zhivotinskiot-svet-koi-se-pokazhale-kako-netochni-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто повеќето сибирски хаски имаат проѕирно сини очи? Кај некои раси кучиња бојата на очите е поврзана со бојата на крзното, но тоа не...
20 видови ретки животни што наскоро може да бидат истребени (фото) Ловот, загадувањето, сечењето на шумите и уништувањето на природните живеалишта ...
Животните праќаат скриени пораки: Кое е значењето на тоа што често гле... Неколку индијански племиња верувале дека секое животно ја носи својата порака и ...