Интересни факти за сијамските мачки
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Интересни факти за сијамските мачки

Како што и самото име покажува, нивното потекло е од Сијам, односно денешен Тајланд. Точни податоци како стигнале низ целиот свет не постојат.

tie-se-mesechevi-dijamanti-nekolku-interesni-fakti-za-sijamskite-machki-01.jpg

Сијамските мачки се едни од најпопуларните раси, а поради својот карактеристичен изглед и специфично крзно, се чест избор за домашен миленик.

Факти за сијамските мачки:

Тие се стара раса

Точните корени се обвиени во мистерија, но постојат сведоштва дека биле миленици на азиски владетели, но и на будистичките монаси. Најстар запис е ракописот „Tamra Maew“ што на тајландски значи „Книга со поеми за мачки“, каде се опишани мачки со светло крзно и темни нозе, глава и опашка.

Овие записи датираат од 14-тиот или 18-тиот век, што значи дека сијамските мачки се стара раса која одамна се одгледува.

Сијамски мачки имало на првата официјална изложба на мачки во светот

Во лондонската Кристална палата во јули 1871-ва се одржало првото најголемо официјално мачешко шоу, каде биле изложени многу раси мачки. Меѓу нив имало и фасцинирачки кафеави мачки со црни нозе, опашка и глава, како да носат чизми и капа, со сини очи и црвеникав ирис.

Постоеле и луѓе кои тврделе дека тоа не биле сијамски мачки. За некоја година подоцна постојат многу сведоштва за британскиот конзул кој донел две сијамски мачки, Фо и Миа од Тајланд, кои добиле свое легло и така започнало нивното одгледување во Европа.

tie-se-mesechevi-dijamanti-nekolku-interesni-fakti-za-sijamskite-machki-02.jpg

Многу одамна тие биле мачки со страбизам

Иако тоа е нивна оригинална карактеристика, подоцна е отстранета со помош на селективно одгледување.

Па така, ако некаде видите сијамска мачка со вкрстени очи, почитувајте ја, бидејќи таа е вистински наследник на својот род.

Претходно имале поокругли тела и лица

Денешните сијамски мачки се карактеризираат со издолжено тело, но во минатото биле позаоблени. Исто така, ги препознаваме и по изразените аглести глави, кои некогаш имале карактеристики на обична домашна мачка.

Сепак, постојат и одгледувачи кои и понатаму одгледуваат сијамски мачки со оригиналните карактеристики.

tie-se-mesechevi-dijamanti-nekolku-interesni-fakti-za-sijamskite-machki-03.jpg

Темните бои се поради терморегулацијата

Сијамските мачки имаат температурно сензитивен ензим кој ги бои крајните делови од нивните тела во поразлична боја. Кога се раѓаат и кога се мали, овие мачиња се еднобојни, најчесто бели, а како растат, најладните делови од нив (опашка, нозе и уши) добиваат најтемни бои.

Ги има во повеќе бои

Иако прва асоцијација ни е светло кафеава мачка со црни делови, ги има во повеќе варијанти. Кај некои темните делови се кафеави како кафе, а има и синикава, виолетова и чоколадно кафеава.

Сијамска мачка открила шпионирање

Во 60-тите, во холандската амбасада во Москва, миленичето на амбасадорот Хенри Хелб, возрасна сијамска мачка, почнало да гребе по ѕидот и да се однесува чудно.

По целосниот претрес, откриени се 30 микрофони за прислушкување скриени зад ѕидот. Потоа решиле да откриваат лажни стратегии, за лажно да ги наведат прислушувачите на погрешна патека.

tie-se-mesechevi-dijamanti-nekolku-interesni-fakti-za-sijamskite-machki-04.jpg

Една сијамска мачка има родено 19 мали мачиња

На 7 август во 1970 година сијамска мачка родила вкупно 19 мали мачиња, од кои четири не преживеале. Но, дури и преживеаните се над просекот, бидејќи вообичаено сијамската мачка раѓа до шест мачиња.

Елизабет Тејлор му подарила на Џејмс Дин сијамска мачка

Мачорот го добил името Маркус и бил на чудна диета која Тејлор ја применувала и за своите мачки. Им давала пченкарен сируп, конзерва кондензирано млеко, една жолчка и еднакви количини дестилирана и зовриена вода, измешани и изладени.

Нивното име во Тајланд има поетска симболика

Оригиналното име на овој вид мачки е „wichien matt“ што во Тајланд значи „месечев дијамант“.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мачка, која била исчезната 10 години, повторно е дома Алекс очајно ја барала својата мачка и лепела постери во 2009 година , но од неа...
11 начини на кои вашата мачка потајно ви кажува дека ве сака Иако не можат да зборуваат и понекогаш изгледаат како да не искажуваат емоции, м...
На кои важни животни лекции може да ве научи вашата мачка? Иако за мачките се зборува дека не сакаат никој друг освен себе, тоа не е вистин...