Мачка, која била исчезната 10 години, повторно е дома

Алекс очајно ја барала својата мачка и лепела постери во 2009 година , но од неа немало ниту трага... Сепак, животот има чудни патеки.

machka-koja-bila-ischeznata-po-10-godini-povtorno-e-doma-01.jpg

Алекс Елиот (39) во 2009 година била разочарана и тажна затоа што нејзината сакана мачка Лили исчезнала. Алекс и нејзиното семејство, по долгата потрага, претпоставиле дека ја згазил некој автомобил.

Тие лепеле постери за да ја пронајдат Лили, но на крај изгубиле надеж.

Сега, 10 години подоцна 15-годишната мачка Лили повторно е во домот на Алекс.

Лили во текот на овие 10 години живеела на 1 километар од домот на Алекс, кај човек кој сметал дека е бездомна мачка и си ја присвоил.

Неодамна тој решил дека повеќе не сака да ја чува Лили и кога ветеринарите ја скенирале мачката според чипот откриле дека таа ѝ припаѓа на Алекс и ѝ се јавиле. Алекс била шокирана од среќната вест. Таа ја земала мачката, ја прегрнала и плачела од среќа.

Сега Лили живее во нејзиниот дом и за неа се грижат Алекс и нејзините деца, кои чуваат и 4 други мачки.

machka-koja-bila-ischeznata-po-10-godini-povtorno-e-doma-04.jpg

machka-koja-bila-ischeznata-po-10-godini-povtorno-e-doma-03.jpg

machka-koja-bila-ischeznata-po-10-godini-povtorno-e-doma-02.jpg

machka-koja-bila-ischeznata-po-10-godini-povtorno-e-doma-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...

Најчитани неделава