Исклучително редок примерок на црн леопард фотографиран во Африка
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Исклучително редок примерок на црн леопард фотографиран во Африка

Леопард женка со ретка форма на меланизам е пресретната во централна Кенија во текот на 2018-та, но податоците излегуваат во јавност сега.

iskluchitelno-redok-primerok-na-crn-leopard-fotografiran-vo-afrika-001.jpg

Биологот од Кенија, Ник Пилфолд, наслушнал дека низ шумите се појавува црн леопард и во 2018 со дозвола од друштвата за заштита поставил фото-мамци.

Не требало да помине долго време додека да се појави женска единка со изразена пигментација, заедно со нормално обоена повозрасна единка, најверојатно нејзина мајка.

iskluchitelno-redok-primerok-na-crn-leopard-fotografiran-vo-afrika-01.jpg

Меланизмот е спротивна состојба на албинизмот и се манифестира со поголемо присуство на пигментот меланом, што предизвикува обојување на кожата и влакната кај животните.

iskluchitelno-redok-primerok-na-crn-leopard-fotografiran-vo-afrika-02.jpg

Ова не е прв случај на сведоштво за постоење на леопард со меланизам во Кенија, но факт е дека тие се исклучително ретки и ова е уникатна можност светот да види како всушност изгледаат.

Се смета дека 11% од живите леопарди на планетава имаат меланизам, но дека токму тој им помага дополнително да се камуфлираат во околината, за да бидат што помалку видливи кога ловат, особено ноќе.

iskluchitelno-redok-primerok-na-crn-leopard-fotografiran-vo-afrika-03.jpg

iskluchitelno-redok-primerok-na-crn-leopard-fotografiran-vo-afrika-05.jpg

iskluchitelno-redok-primerok-na-crn-leopard-fotografiran-vo-afrika-06.jpg

iskluchitelno-redok-primerok-na-crn-leopard-fotografiran-vo-afrika-07.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бебе зебра родено со точки, наместо линии (фото) Ретка, мала зебра со точки, наместо со линии по крзното била забележана во дивин...
Дали и колку долго е во ред да го оставите кучето само дома? Сигурно доколку би можеле, секој миг би го минувале со вашето куче. Но, за жал, ...
Моногамни животни што остануваат заедно цел живот Верувате во љубов до крајот на животот? Сите можеме да научиме по некоја лекција...