Маче со витилиго секојдневно го менува изгледот и ја изненадува сопственичката која го спасила


Маче со витилиго секојдневно го менува изгледот и ја изненадува сопственичката која го спасила

Мачките се суштества создадени за сакање и бескрајно галење. Ова е прекрасна приказна за две мали мачиња кои нашле дом кај девојката од Германија по име Никол.

mache-so-vitiligo-sekojdnevno-go-menuva-izgledot-i-ja-iznenaduva-sopstvenichkata-koja-go-spasila-1.jpg

Таа одамна имала желба да чува маче, а кога посетила една фарма, забележала две малечки, за кои била сигурна дека ако не ги земе со себе, нема да преживеат уште долго. Мачињата ги добиле имињата Ели и Рози, а според Никол, и двете имаат прекрасен карактер и мазно и сјајно крзно со црна и бела боја.

Девојката веднаш забележала дека Ели е поинаква од другите мачки, дека се приврзува и дека има карактер сличен како на куче, а не како мачка. По неколку месеци, Никол видела и дека на крзното на Ели се појавил бел прамен.

Прво мислела дека е случајност, но белите точки почнале да се појавуваат на повеќе места. Никол се исплашила и ја однела Ели на ветеринар.

mache-so-retka-sostojba-sekojdnevno-se-transformira-pred-devojkata-koja-go-spasila-02.jpg

Таму е откриено дека Ели има витилиго на крзното, што е исклучително ретко кај животните. Истата состојба ја има и кај луѓето и е застапена со 2% во целата популација, а кај животните генерално е уште поретка.

За среќа, оваа состојба се манифестира само со промена на бојата и не наштетува на физичкото здравје, а мачето Ели воопшто не ни личи на она што било кога Никол го вдомила.

Секој ден изгледа различно и тоа ја прави уште поубава и поуникатна меѓу сите останати мачки.

mache-so-retka-sostojba-sekojdnevno-se-transformira-pred-devojkata-koja-go-spasila-03.jpg

mache-so-retka-sostojba-sekojdnevno-se-transformira-pred-devojkata-koja-go-spasila-04.jpg

mache-so-retka-sostojba-sekojdnevno-se-transformira-pred-devojkata-koja-go-spasila-05.jpg

mache-so-retka-sostojba-sekojdnevno-se-transformira-pred-devojkata-koja-go-spasila-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога животните ќе зажалат за својата одлука (фото) Животните се многу љубопитни суштества, а тоа понекогаш ги тера да направат и по...
На кои важни животни лекции може да ве научи вашата мачка? Иако за мачките се зборува дека не сакаат никој друг освен себе, тоа не е вистин...
Херои на денот - Пар спаси мајка со 11 мали патчиња и ги однесе на кејот на Вардар Јана и нејзиниот сопруг се наши херои на денот. Малите дела многу значат, навива...