ЗОО продава карти за посетителите да играат влечење јаже со лавовите и тигрите
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Оператор 06-12-2019
Продавач 06-12-2019


ЗОО продава карти за посетителите да играат влечење јаже со лавовите и тигрите

Овој суров начин на забава за посетителите и непочит кон животните го разлути светот.

zoo-prodava-karti-za-posetitelite-za-igraat-vlechenje-jazhe-so-lavovite-i-tigrite-01.jpg

Зоолошката градина Dartmoor Zoo во Англија се најде на мета критики поради тоа што на посетителите им наплаќа карти од 20 долари ако сакаат да играат влечење јаже со лавовите и тигрите.

Играта се вика „луѓе vs. ѕверови“ и во влечењето може да учествуваат сите посетители постари од 8 години. Се разбира, луѓето и животните се одделени со ограда.

На крајот од јажето кај животните има врзано парче место, кое за да го земе лавот или тигарот треба прво добро да го повлече јажето.

По низата критики, золошката се огласи дека на животните им е потребна физичка активност за да бидат здрави и фит и дека ова е добар начин за тоа.

Но, тоа не ги убеди луѓето, па повеќе од 2.000 лица се потпишаа на петицијата да се прекине оваа сурова активност, која покажува непочит кон овие прекрасни животни.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 раси на кучиња идеални за вашето дете Секое куче има свој карактер и потреби, без разлика на која раса и припаѓа. Деца...
Најбизарните барања на инфлуенсерките и блогерките во зоолошката во Ск... Македонски инфлуенсерки и блогерки: „Не, не може да го држите Коко за рака и као...
Повеќето се затворени, живеат 10 години – Факти за тигрите, симбол на ... Во многу митови е наречен „крал на сите ѕверови“. Тигарот секогаш ги фасцинира л...