6 причини заради кои ќе посакате да чувате мачка

За мачките како домашни миленици, луѓето често имаат предрасуди, сметајќи ги за ладни, незаинтересирани, па дури и груби. Сепак, ова е далеку од вистината. 

6-prichini-zaradi-koi-kje-posakate-da-chuvate-machka-01.jpg

Овие магични миленици можат да бидат совршени за сите кои работат напорно и немаат време да се грижат многу за животното.

Поради овие шест причини веднаш ќе посакате да имате мачка:

1. Препознаваат кога сопственикот е тажен и го тешат

Мачката со своето седмо сетило, може да почувствува кога нејзиниот сопственик е тажен, вознемирен, депресивен и слично. Мачките реагираат со засилување на своите комуникациски сигнали, на пример, со гласно плачење или почесто галење.

Оваа реакција делува добро на сопственикот, бидејќи некој забележал дека не се чувствува добро и покажува загриженост за неговата благосостојба.

2. Нема да ви замери ако немате време да се играте

Додека кучињата се екстремно социјални суштества и секогаш им треба човечко внимание, мачките се приспособливи на луѓето во овој поглед.

Ако сопственикот има поголема потреба да комуницира со мачката, таа ќе го препознае истото и самата ќе укаже дека сака повеќе да се гушка, да седне со него или едноставно да биде во иста просторија.

Ако на човекот не му треба толку многу интеракција, тие нема да му пречат.

Sest pricini poradi koi ke sakate vednas da imate macka 02

3. Ги учат децата на сочувство и благост

Повеќето кучиња сакаат да се „бркаат“ и ловат и трпат умерена грубост. Мачките, од друга страна, не го сакаат истото. Ако третирате мачка грубо, ќе избега.

На овој начин, детето ја учи разликата помеѓу поцврсти, потолерантни домашни миленици, како кучиња, и оние на кои им треба повнимателен, нежен третман како што се мачиња.

4. Експресно брзо учат како правилно да вршат нужда

Една од најголемите придобивки од животот со мачка е тоа што не треба да се шета. Ставете сад со песок и таа многу брзо ќе научи дека тука треба да ја врши нуждата, без разлика дали имате мало маче или возрасна мачка.

Сè што треба да направите е да го чистите песокот редовно.

6-prichini-zaradi-koi-kje-posakate-da-chuvate-machka-02.jpg

5. Тие се чисти миленичиња

Мачките се совршени миленичиња за „пуританците“. Тие се љубители на чистотата и се мијат од глава до шепа и до неколку пати на ден.

6. Ќе ве греат за време на најладните зими

Нема подобро чувство од мачка завиткана во вашиот скут, блиску до нозете или до вратот. Тие сакаат да спијат со својот сопственик. Звукот на предењето на мачките може да го намали крвниот притисок и стресот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...

Најчитани неделава