Зошто се вели дека сијамските мачки имаат особини на куче?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто се вели дека сијамските мачки имаат особини на куче?

Сигурно ги помните двете сијамски мачки во цртаниот филм на Дизни - „Маза и Луња“ кои се претставени како антагонисти. Тие се едни од најпознатите мачки поради својот препознатлив изглед - небесно сини очи, крзно со кафени и кремасти нијанси и црни нозе, опашка и лице, поради што изгледаат како да носат маска.

Zoshto-se-veli-deka-sijamskite-machki-imaat-osobini-na-kuche-01.jpg

Сепак, во вистинскиот живот, сијамските мачки се чувствителни и активни мачки кои уживаат во човечко друштво.

Сијамските мачки потекнуваат од Тајланд - поранешен Сијам и постојат над 10 векови, со што се еден од наjстарите видови на ориентални мачки. Тие биле чувани од страна на кралските семејства поради нивниот карактеристичен изглед.

Грижата за нив одела дотаму што некои верувале дека по нивната смрт ќе станат сијамски мачки кои понатаму ќе бидат чувани и својот живот ќе го поминат во тајландските храмови. Тие се долговечни мачи - можат да живеат и над 15 години!

За нив се вели дека имаат особини на куче, бидејќи се врзуваат за своите сопственици и се лојални миленици. Ако ги оставите сами на подолг период или ги напуштите, многу е веројатно дека ќе страдаат од стрес и депресија што може да резултира со одбивање храна.

Тие можат да развијат љубомора кон друго милениче или пак човек, но, чувањето на две сијамски мачки кои ќе бидат во можност да се грижат една за друга ќе го намали овој стрес.

Иако се многу независни што е специфична карактеристика за сите мачки, сепак тие уживаат во човечкото друштво и бараат внимание. Тие не се мачки кои ќе го поминат поголемиот дел од времето во спиење.

Поради нивната енергичност, активни се во текот на денот и сакаат да си играте со нив, а навечер честопати ќе дојдат да спијат со вас во вашиот кревет или скут.

Zoshto-se-veli-deka-sijamskite-machki-imaat-osobini-na-kuche-02.jpg

Поради високата интелигенција и инаетливост, нема да успеете да ги натерате да изведуваат активности, туку е многу веројатно дека ќе ве игнорираат. Може да ги научите да играат „фрли стапче“, но доколку тоа го направите на забавен начин во форма на игра, наместо на нареднички и покорен начин во форма на дресура.

Многу се комуникативни и зборлести - сијамската мачка има развиени вокални способности кои звучат како говор. Со различен вид мјаукање ќе ве потсети кога е време за јадење или за галење, ќе ви даде коментар за храната која сте и ја понудиле или ќе ви укаже кон нешто што го забележала низ домот или низ прозорецот.

Доколку чувствува болки или нешто не е во ред со здравјето ќе ви се пожали, а ако и зборувате, најверојатно ќе ви одговори. Исто така, доколку бара нешто од вас подобро е да не ја игнорирате бидејќи најверојатно ќе продолжи да мјаука додека не и посветите внимание.

Доколку се одлучите да чувате сијамска мачка, знајте дека таа ќе ви биде партнер во гледање филмови и најдобар пријател во секојдневното живеење. Овој чекор не се препорачува доколку не поминувате многу време дома, имате обврски и сметате дека немате многу време да и посветите внимание.

Ако решите да се впуштите во авантура, подгответе го домот со разни играчки како топчиња и пердуви и уживајте во игрите!

Zoshto-se-veli-deka-sijamskite-machki-imaat-osobini-na-kuche-03.jpg

A. T. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Интересни факти за сијамските мачки Како што и самото име покажува, нивното потекло е од Сијам, односно денешен Тајл...
На кои важни животни лекции може да ве научи вашата мачка? Иако за мачките се зборува дека не сакаат никој друг освен себе, тоа не е вистин...
13 миленици кои одлично би се снашле во улога на човек (фото) Многумина велат дека домашните миленичиња многу си личат со сопственикот, или ба...