Положбата на спиење со миленикот е поврзана со вашиот однос – кое е значењето?

Под прекривачот: Вашиот миленик спие покриен со вашето ќебе

Милениците кои спијат на овој начин го гледаат прекривачот како засолниште. Покрај тоа, повеќе ги чувствуваат вашите мирис и топлина, а ова прави да се чувствуваат безбедно.

shto-otkriva-polozhbata-na-spienje-so-milenikot-za-vashiot-odnos-05.jpg

Прегратка: Миленикот сака да спие во ваша прегратка

Милениците ги сакаат прегратките на своите сопственици, а ако вашиот спие вака, тоа е јасен знак дека ве сака.

На овој начин, милениците се обидуваат и да ја стекнат вашата доверба.

shto-otkriva-polozhbata-na-spienje-so-milenikot-za-vashiot-odnos-06.jpg

Лазење: Миленикот легнува крај нозете, но постепено се движи кон вашата глава

Ова покажува дека миленикот е „зависен“ од вас и не сака да се разделите.

На грб: Миленикот спие испружен на грб покрај вас

Оваа положба повеќе ја сакаат кучињата и на овој начин покажуваат дека сакаат да ги галите по стомакот.

Понекогаш милениците спијат на овој начин кога им е жешко.

shto-otkriva-polozhbata-na-spienje-so-milenikot-za-vashiot-odnos-07.jpg

„Октопод“: Вашиот миленик се шири на целиот кревет

На овој начин миленикот ви кажува дека се чувствува многу удобно и безбедно покрај вас и не му е проблем да ве „истурка“ од креветот.

И со оваа положба миленикот покажува дека наутро сака да го галите и да му обрнете внимание.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...

Најчитани неделава