Положбата на спиење со миленикот е поврзана со вашиот однос – кое е значењето?

Според податоците од неколку анкети, дури 2/3 од луѓето кои чуваат миленици без проблем спијат со нив.

shto-otkriva-polozhbata-na-spienje-so-milenikot-za-vashiot-odnos-01.jpg

Едно истражување, пак, покажало дека 1/4 од луѓето кои чуваат миленици се чувствуваат осамено кога спијат без нив. 1 од 10 испитаници изјавиле дека се чувствуваат сигурно и заштитено кога го делат креветот со нивното куче.

Ако чувате милениче, веројатно ви е познато сето ова. Но знаевте ли дека начинот на којшто спиете со вашето милениче може да открие многу за вашиот однос?

Обично, миленикот одредува во која положба ќе спиете, а тоа кажува многу за неговите чувства кон вас:

Покрај нозете: Миленикот лежи на долниот дел од креветот, покрај вашите нозе

Оваа положба укажува на верност, но не покажува дека миленикот има силни чувства за својот сопственик.

Друга причина за ова може да биде и немирниот сон на сопственикот – ако премногу се превртувате во текот на ноќта, миленикот се чувствува најудобно подалеку од вас.

shto-otkriva-polozhbata-na-spienje-so-milenikot-za-vashiot-odnos-02.jpg

Покрај колената: Вие спиете на страна со свиткани колена, а миленикот е свиен крај колената

Во оваа положба, миленикот се чувствува топло и сигурно покрај вас. Оваа положба покажува и дека миленикот целосно ви ја препушта грижата за него и дека ви верува безусловно.

„Стуткан“ во топка: Миленикот спие „стуткан“ помеѓу вашите нозе

Мачките и кучињата имаат поостро сетило за слух од нас, па оваа положба им овозможува да спијат во тишина.

Доколку ’рчите, оваа положба му овозможува на миленикот да спие веднаш до вас, без да се буди од звуците во текот на ноќта.

shto-otkriva-polozhbata-na-spienje-so-milenikot-za-vashiot-odnos-03.jpg

„Ѕид“: Миленикот спие помеѓу вас и вашиот партнер

Веројатно мислите дека миленикот ја одбрал оваа положба поради топлината и сигурноста. Но, на овој начин миленичето се осигурува дека целото внимание ќе биде насочено кон него.

Најверојатно, миленичето повеќе сака еден од вас, а другиот го гледа како конкуренција, па затоа легнува во средината.

shto-otkriva-polozhbata-na-spienje-so-milenikot-za-vashiot-odnos-04.jpg

„Крадач“ на место: Во текот на вечерта, мачката или кучето ви го зема целото место на креветот

Ова е положба што најмногу ја сакаат малите мачиња и кучиња, бидејќи на овој начин се поблиску до вас.

Истовремено, на овој начин спијат и милениците кои сакаат да се галат наутро.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...

Најчитани неделава