Еластичен слон прескокнува ѕид од 1 метар за да краде манго (видео)


Еластичен слон прескокнува ѕид од 1 метар за да краде манго (видео)

Вирално се шири снимка од еластичен слон кој се прекачува преку ѕид од метар ипол за да „украде“ манго.

elastichen-slon-preskoknuva-dzid-od-1-metar-za-da-krade-mango-video-01.jpg

Гостите на Mfuwe Lodge во национален парк во Замбија тукушто заминале на сафари, кога се случила неочекуваната и несекојдневна посета.

„Нè изненади. Сакаше да истражува и влезе во делот каде што расте манго. Очигледно беше многу гладен и очекуваше дека ќе најде нешто, но веќе е доцна за манго. Тој се истегна, погледна наоколу, пасеше малку трева и потоа се врати по истиот пат од каде што дојде. Но, начинот на кој со леснотија се прекачи преку ѕидот е навистина необичен за слоновите. Беше импресивна глетка.“ – изјавил генералниот менаџер на Mfuwe Lodge.

elastichen-slon-preskoknuva-dzid-od-1-metar-za-da-krade-mango-video-02.jpg

elastichen-slon-preskoknuva-dzid-od-1-metar-za-da-krade-mango-video-03.jpg

Погледнете го овој несекојдневен настан:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Слон кој со години бил затворен во темна соба, сега не може да престане да се смее Името на овој слон е Сурај, што значи сонце на Хинди, а сепак со децении не знае...
Дневна доза љубов: Слонче после 3 години се среќава со својата мајка (видео) 7-годишниот слон МеБаи и нејзината мајка се немале видено повеќе од три години, ...
Во светот на Амелија: Девојчето што расте покрај слонови и тигри (фото) Таа од 3-годишна возраст расте покрај животни меѓу кои има и диви и домашни, гол...