Позитива на денот - Канаѓанец спасил замрзнати мачиња со топло кафе


Позитива на денот - Канаѓанец спасил замрзнати мачиња со топло кафе

Изгледа дека кафето може да спасува животи, а тоа го докажа Канаѓанецот Кендал Дивиш.

pozitiva-na-denot-kanagjanec-spasil-zamrznati-machinja-so-kafe-01.jpg

Кендал е работник во нафтената индустрија и додека проверувал еден од бунарите, налетал на три напуштени маченца.

Кендал им се приближил и веднаш го слушнал нивното очајно мјаукање. Набрзо сфатил дека опашките на две од мачињата им биле замрзнати на земјата покриена со снег.

pozitiva-na-denot-kanagjanec-spasil-zamrznati-machinja-so-kafe-03.jpg

Без двоумење, Кендал истрчал до автомобилот каде имал чаша топло кафе и веднаш го истурил на мразот. За жал, кафето не било доволно за да ги ослободи, па Кендал се обидел да ги повлече.

Мачињата продолжиле со мјаукање, но Кендал не се откажал и успешно ги извадил од мразот.

pozitiva-na-denot-kanagjanec-spasil-zamrznati-machinja-so-kafe-04.jpg

pozitiva-na-denot-kanagjanec-spasil-zamrznati-machinja-so-kafe-05.jpg

За голема среќа, ниту едно од мачињата не било повредено за време на спасувањето.

pozitiva-na-denot-kanagjanec-spasil-zamrznati-machinja-so-kafe-02.jpg

Подоцна Кендал го споделил искуството на Facebook и објавата веднаш се прославила.

Херојот не само што ги спасил мачињата, туку ги ставил во автомобилот и ги однел дома. Ги стоплил и им дал храна.

pozitiva-na-denot-kanagjanec-spasil-zamrznati-machinja-so-kafe-06.jpg

Кендал се сомнева дека мачињата биле замрзнати цела ноќ, но, за нивна голема среќа, тој ги видел пред да им се случи најлошото.

Бидејќи немал услови да ги чува, Кендал изјавил дека бара некој да ги вдоми и веднаш добил стотици понуди. За брзо, мачињата си нашле нов дом.

pozitiva-na-denot-kanagjanec-spasil-zamrznati-machinja-so-kafe-07.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

10 приказни за спасени животни кои ќе ве убедат дека сè уште постојат добри луѓе Приказните за вдомени и спасени животни кои биле на работ од смртта, секогаш има...
10 најубави раси на едни од најграциозните животни – коњите Коњите се едни од најблагородните суштества на оваа планета. Луѓето се импресио...
Запознајте ја Еклипс - Кучето кое само се вози со градски автобус (фото) Ова преслатко куче им го подобрува расположението на сите што ќе го сретнат, а д...

Најчитани неделава