Пингвини шетаат низ аквариум во Чикаго кој е привремено затворен за посетители (фото+видео)

Исто како кај нас, ширум целиот свет се затвораат ресторани, кафетерии, но и театри, музеи, зоолошки и аквариуми.

akvarium-vo-chikago-im-dozvolil-na-pingvinite-da-shetaat-niz-objektot-01.jpg

Аквариумот Shedd кој се наоѓа во Чикаго го снашла истата судбина и сега ќе биде затворен барем 2 недели.

Но, вработените добиле одлична идеја како да го искористат овој период.

akvarium-od-chikago-im-dozvolil-na-pingvinite-da-shetaat-niz-objektot-02.jpg

Наводно, луѓето посетители ги замениле со пингвини. Односно, пингвините биле пуштени да прошетаат низ целиот објект.

Уште подобро е што вработените споделија неколку видеа од прошетката на овие интересни и љубопитни птици.

akvarium-od-chikago-im-dozvolil-na-pingvinite-da-shetaat-niz-objektot-03.jpg

Од аквариумот, на Twitter објавија видеа од пингвините, кои веднаш им е допаднаа на твитерџиите. Па, вработените ветија дека наскоро ќе имаме можност да погледнеме уште.

akvarium-od-chikago-im-dozvolil-na-pingvinite-da-shetaat-niz-objektot-04.jpg

„Некои од пингвините беа на екскурзија да ги запознаат другите животни во Shedd. Велингтон беше најзаинтересиран за рибите во делот Amazon Rising!“

„Авантурата продолжува! Утрово Едвард и Ени ја истражија ротондата на аквариумот. Тие се заедно за сезоната за парење. Пролетта е сезоната за парење на пингвините во Shedd, а оваа година не е поразлична.“

„Пингвините како Едвард и Ени ќе почнат да ги градат нивните гнезда следната недела. Придружете ни се за дигиталниот пренос! Во меѓувреме, ќе споделуваме многу новости за животните.“

„Иако можеби ова е чуден период за нас, овие денови се сосема нормални за животните во Shedd. Нашите негуватели постојано им овозможуваат нови искуства на животните за истражување и искажување на нивното природно однесување.“

Навистина одлична идеја да се разбие монотонијата за животните, но и да се забавуваат и едуцираат луѓето од нивните домови.

Извор

Би можело да ве интересира:

Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...
Камилите складираат вода во грпките: Популарни митови за животните (кои не се точни) Камелеоните ја менуваат бојата за да се камуфлираат, а ајкулите се најсмртоносни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg