Позитива на денот: Кучето кое го продаваа за борби низ Македонија - си ја пронајде вистинската сопственичка по 1 година

Пред неколку дена јавноста беше згрозена од огласот за продажба на пит бул за борби, па активистите со право се „кренаа на нозе“ – приказната заврши со среќен крај, подобар од очекуваниот.

pozitiva-na-denot-kucheto-koe-go-prodavaa-za-borbi-si-ja-pronajde-vistinskata-sopstvenichka-po-1-godina-01.jpg

На социјалните мрежи се појави оглас за продажба на пит бул за борба, а граѓаните беа згрозени и го споделуваа вирално во потрага по спас за кучето.

pozitiva-na-denot-kucheto-koe-go-prodavaa-za-borbi-si-ja-pronajde-vistinskata-sopstvenichka-po-1-godina-02.jpg

Активистите од Здружението Шепасти Ентузијасти не останаа рамнодушни на оваа неправда и тажната судбина на кучето ја претворија во среќна и емотивна приказна.

„Не е првпат да спасиме куче од ваква судбина, но драго ни е што за оваа приказна се расчу бидејќи има вака среќен крај. Обично овие раси се обидуваме да ги пратиме надвор од државата и да завршат во вистински раце, бидејќи кај нас се злоупотребувани за борби.“ - вели Димитар од здружението за CRNOBELO.com.

Тие се договориле со „продавачот“ да го купат кучето со цел да не заврши во погрешни раце, а трошоците ги чинеле 100 евра. Она што никого не остави рамнодушен, е фактот што, не само што го спасија кучето од погрешни раце, туку го вратија во вистинските.

Откако го земале, го однеле кучето на ветеринар, каде им откриле дека има чип и се вика Бамби, а го откриле и вистинскиот сопственик – Бојана.

„Во моментот кога го купувавме, не знаевме дека кучето е чипирано, но на ветеринар ни открија дека сопственик е девојче од Чаир. Ја контактиравме и кога ја известивме таа беше пресреќна. Со радост и викање прифати веднаш да дојде во ветеринарната станица, а средбата беше многу трогателна. На Бамби ѝ требаа 30 секунди да се стабилизира, го душна девојчето и веднаш ја препозна.“ – продолжува Димитар.

https://twitter.com/NatalijaaaT/status/1258381178140348417/photo/1

Сопствениците поминале цела година во потрага по Бамби откако била украдена од двор и кога најмалку очекувале – се обединија повторно и си го вратија својот миленик.

Welcome home...again ♥️

Posted by Bojana Dimovska on Thursday, May 7, 2020

„Се подготвува пријава за сторителите и ќе се потрудиме ова да се истера до крај за да биде пример за понатаму и да нема вакви ситуации каде ќе мора сами да ги решаваме овие работи и да се ставаме во ваков ризик. Драго ни е што оваа приказна допре до многу луѓе и заврши со среќен крај.“ - додава Димитар. 

Уште една приказна со среќен крај од која може да се извлече поука дека никогаш не треба да се откажуваме од она што го сакаме!

Сите приказни заслужуваат среќен крај 🙏🏻💖 По вчерашната објава за продажба на пит бул за борби, веднаш изреагиравме и...

Posted by Шепасти Ентузијасти - Pawsome Enthusiasts on Thursday, May 7, 2020

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Работи кои добрите сопственици никогаш не им ги прават на своите кучиња Го удираат, ги прескокнуваат посетите на ветеринар и делат од нивната храна со н...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg