Позитива на денот: Напуштено маче, старо 24 часа, пронајде семејство во засолниште (фото)

Од напуштено маче тешко само 85 грама до здраво маче дел од среќно семејство... Ова се оние приказни кои го топлат срцето.

pozitiva-na-denot-napushteno-mache-staro-24-chasa-pronajde-semejstvo-vo-zasolnishte-foto-01.jpg

Во Велика Британија било најдено маче покрај пат додека пеколното сонце му предизвикувало изгореници. Се верува дека било старо само 24 часа кога луѓе го пронашле како „плаче“ за помош и го однеле во засолниште.

pozitiva-na-denot-napushteno-mache-staro-24-chasa-pronajde-semejstvo-vo-zasolnishte-foto-02.jpg

Тежело само 85 грама и имало уникатна боја на крзно. Му го дале името Џени.

Но, таа уникатна боја всушност најчесто настанувала како резултат на состојба која се случува за време на бременоста на мачката-мајка, каде таа е болна поради некоја инфекција или пак при голем стрес при бременоста. Шареното крзно е резултат на тоа што пигментите не биле соодветно распоредени и поради тоа делови од крзното се сиви, кремави, па дури и црвени.

pozitiva-na-denot-napushteno-mache-staro-24-chasa-pronajde-semejstvo-vo-zasolnishte-foto-03.jpg

Сега Џени има 8 недели и во засолништето си пронајде ново семејство мачки.

Мелиса, сопственичката на ова засолниште, две недела ја чувала Џени во инкубатор и ја хранела со шприц.

Потоа, една мачка која имала свои мачиња ја прифатила Џени како своја.

pozitiva-na-denot-napushteno-mache-staro-24-chasa-pronajde-semejstvo-vo-zasolnishte-foto-04.jpg

pozitiva-na-denot-napushteno-mache-staro-24-chasa-pronajde-semejstvo-vo-zasolnishte-foto-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg