20 златни ретривери, спасени од пазарот на месо во Кина, се вдомени во семејства во САД

Среде сета негативност потребни ни се позитивни вакви вести кои ни ја враќаат насмевката на лицето. Браво!

pozitiva-na-denot-20-zlatni-retriveri-spaseni-od-pazarot-na-meso-vo-kina-se-vdomeni-vo-sad-01.jpg

Во 2020-та како да доминираат негативните вести, затоа оваа вест ја прогласуваме за светла точка. Дваесет златни ретривери кои требало да бидат испорачани на пазарот за месо во Кина се спасени од Кина и пратени на Флорида, каде ќе бидат вдомени од различни семејства.

pozitiva-na-denot-20-zlatni-retriveri-spaseni-od-pazarot-na-meso-vo-kina-se-vdomeni-vo-sad-02.jpg

Кучињата пристигнале на аеродромот во Мајами и имале средба со нивните нови семејства за првпат.

„Ова е најсреќниот ден во 2020-та за мене“, изјавила Кејти Браун, една од луѓето кои посвоиле златен ретривер.

Кучињата во САД биле донесе благодарение на организацијата „Golden Rescue South Florida“ која се фокусира на спасување на златни ретривери од целиот свет. Локална организација од Кина ги контактирала и побарала помош од нив.

По 6 месеци планирање и собирање средства кучињата конечно биле донесени во САД.

pozitiva-na-denot-20-zlatni-retriveri-spaseni-od-pazarot-na-meso-vo-kina-se-vdomeni-vo-sad-03.jpg

Ова дефинитивно е позитива на денот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарни подводни суштества кои изгледаат нереално (и застрашувачко) Морничава риба со огромни заби, но и риба со транспарентно тело која е нарекуван...
Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Работи кои добрите сопственици никогаш не им ги прават на своите кучиња Го удираат, ги прескокнуваат посетите на ветеринар и делат од нивната храна со н...
Зошто е добро да чувате зајак и како да се грижите за него? Многумина, откако ќе одлучат да земат домашно милениче, вообичаено си го поставу...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg