Фотограф „уловил“ редок жолт пингвин: Ги има 1 на 146.000 (фото)

Природата постојано нè изненадува со своите нови видови. Пингвините се препознатливи по својот црно-бел изглед – како да носат смокинг. Но, дали сте знаете дека постојат и жолти пингвини?

fotograf-ulovil-redok-zolt-pingvin-gi-ima-1-na-146-000-foto-01.jpg

Yves Adams од Белгија е фото репортер кој во 2019-та бил на двомесечна експедиција во Јужниот Атлантик. Групата застанала на островот Јужна Џорџија за да фотографира колонија кралски пингвини.

Додека ја подготвувале опремата Adams забележал дека има еден поинаков, жолто-бел пингвин.

fotograf-ulovil-redok-zolt-pingvin-gi-ima-1-na-146-000-foto-03.jpg

Ова не е првпат да биде забележан жолтиот вид, но овој вид пингвини веројатно е првпат регистриран на фотографија.

Жолтата боја е резултат на леуцизам – состојба која се појавува кај темните животни при губење на дел од пигментацијата. За разлика од албинизмот, нема влијание на бојата на нивните очи и тие не стануваат црвени.

fotograf-ulovil-redok-zolt-pingvin-gi-ima-1-na-146-000-foto-04_1.jpg

Овој пингвин не генерира меланин. Процената е дека леуцизмот се јавува кај 1 на 20.000 до 146.000 пингвини. Така што токму овој кој бил во колонијата од 120.000 пингвини – се вклопува во овие статистики.

fotograf-ulovil-redok-zolt-pingvin-gi-ima-1-na-146-000-foto-04.jpg

Извор 

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Бебе елен се роди во Скопје ЗОО: „Оваа преубава дама ни донесе многу радост“ Ова е прва принова кај нас по подолго време, па од Скопје ЗОО на Фејсбук сподели...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава