Вирално видео: Мачка сама си ги носи малечките во болница заради инфекција на очите

Пред неколку денови, улична мачка сама ги однела нејзините мачиња во болница во Измир, за кои подоцна лекарите утврдиле дека имаат инфекција на очите. Тие веднаш ја згрижиле мајката со малите мачиња, а снимиле и видео на кое се гледа преслаткиот момент.

preslatko-viralno-video-machka-sama-gi-odnela-svoite-machinja-vo-bolnica-bidejkji-imale-infekcija-na-ochite-01.jpg

Лекарите од болница во Измир, Турција, останале без зборови кога забележале како влегува мачка која носи мало маче во устата.

Наводно, станува збор за улична мачка, која тие редовно ја хранеле, но не знаеле дека има и мали мачиња.

„Често ѝ оставаме храна и вода на мачката бидејќи постојано ја гледаме околу болницата. Сепак, не знаевме дека се омачила и дека има мали мачиња“, изјавил еден од лекарите за локален медиум.

preslatko-viralno-video-machka-sama-gi-odnela-svoite-machinja-vo-bolnica-bidejkji-imale-infekcija-na-ochite-02.jpg

preslatko-viralno-video-machka-sama-gi-odnela-svoite-machinja-vo-bolnica-bidejkji-imale-infekcija-na-ochite-03.jpg

Лекарите и медицинските сестри кои ја забележале мачката ги прегледале мачињата и кога сфатиле дека имаат инфекција на очите, веднаш се јавиле на ветеринар.

„Како што ни почна утринската смена и почнаа да влегуваат пациенти, покрај нив се појави мачката со мачињата. Очигледно бараше помош бидејќи мјаукаше долго време. Откако внимателно ги прегледавме мачињата, сфативме дека не можат да ги отворат очите поради инфекција. Веднаш се консултиравме со ветеринар кој ни кажа како да постапиме. Кога мачињата ги отворија очите, бевме пресреќни!“

preslatko-viralno-video-machka-sama-gi-odnela-svoite-machinja-vo-bolnica-bidejkji-imale-infekcija-na-ochite-04.jpg

После третманот со капки за очи, лекарите веднаш нашле и засолниште за мајката и мачињата.

„Ова е првпат да ни се случи нешто вакво. Многу ни е мило што мачињата закрепнаа и сега се на безбедно“.

preslatko-viralno-video-machka-sama-gi-odnela-svoite-machinja-vo-bolnica-bidejkji-imale-infekcija-na-ochite-05.jpg

Лекарите успеале и да го снимаат моментот кога мачката влегува во болницата, а видеото веќе стана вирално.

Оние, пак, кои го изгледале се воодушевени од постапката на мачката, но и грижливоста на лекарите:

„Неверојатна мајка“.

„Сигурно гледала како луѓето влегуваат во болницата, па си помислила дека ќе можат да ѝ помогнат и нејзе“.

„Неверојатно е колку луѓето во Турција се грижат за уличните мачки“.

„Сите мајки се исти, без разлика дали станува збор за човек или друго живо суштество“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg