Теа Јовановска: „Со другарките на Шара сретнавме мечки, глетката беше неверојатна“ (фото)

„Средбата траеше 3-4 минути. Mечето не се поместуваше од патот, а ние причекавме за да се тргне, но не можевме, а да не го овековечиме мигот со фотографии, глетката беше прекрасна“, раскажува Теа Јовановска за CRNOBELO.com.

tea-jovanovska-so-drugarkite-na-shara-sretnavme-mechka-imashe-spoj-na-vozbuda-i-strav-foto-01.jpg

Теа Јовановска од Скопје, дипломиран инженер по биологија и вљубеник во природата, неодамна со две свои пријателки посведочила на неверојатна сцена на Шара - сретнале мечки на патот.

tea-jovanovska-so-drugarkite-na-shara-sretnavme-mechka-imashe-spoj-na-vozbuda-i-strav-foto-02.jpgТеа Јовановска (лево), Розета Матеска (средина), Марија Смокварска (десно)

Двете нејзини фотки од мечката што ја сретнале на патот за кусо време станаа вирален хит, а многу фотографи велат дека копнеат за ваква шанса да овековечат сцена од прекрасниот животински свет на Македонија, каква што Теа сосема неочекувано добила.

За нејзината авантура на падините на Шара, Теа за CRNOBELO.com вели:

„На патот од Старо село кон Љуботен сретнавме мечка, која за жал не успеавме да ја фотографираме. Средбата беше на само неколку метри, но мечката брзо се тргна од патот и ние продолживме понатаму.

Но, кратко потоа го сретнавме ова мече и успеавме да го фотографираме. Средбата траеше 3-4 минути. Mечето не се поместуваше од патот, а ние причекавме за да се тргне.

Во меѓувреме телефонски ги исконтактиравме сопствениците на вилата Љуботен со цел да пријавиме дека видовме неколку мечки и доколку имаат можност да нѐ земат, но иако се понудија да дојдат по нас, откако се тргна мечката, одлучивме сами да го продолжиме патот кон врвот Љуботен.“

Фотографиите од Шара:

tea-jovanovska-so-drugarkite-na-shara-sretnavme-mechka-imashe-spoj-na-vozbuda-i-strav-foto-03.jpg

tea-jovanovska-so-drugarkite-na-shara-sretnavme-mechka-imashe-spoj-na-vozbuda-i-strav-foto-04.jpg

С. С. | Црнобело / Фото: Теа Јовановска

Би можело да ве интересира:

Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg