Вирални фотки го освоија светот: По 15 месеци и поминати 500km, слонови уживаат во заслужена дремка


Вирални фотки го освоија светот: По 15 месеци и поминати 500km, слонови уживаат во заслужена дремка

Стадо од 15 слонови од загрозен вид со месеци лута низ Кина, а последниве недела-две и јавноста будно го следи неговото движење. Досега слоновите поминале над 500 километри, а неодамна застанале да одморат во шума. Слатката фотографија, пак, од нивната дремка, веднаш ја освои јавноста.

viralni-fotki-go-osvoija-svetot-po-15-meseci-i-pominati-500km-slonovi-uzhivaat-vo-zasluzhena-dremka-001.jpg

15 месеци Кина се соочува со навистина чудна ситуација – стадо од 15 слонови се движи низ југозападниот дел на државата.

Слоновите почнаа да ги загрижуваат властите откако почнаа да се доближуваат до населени места, а наводно досега имаат поминато над 500 километри.

Според CNN, слоновите живееле во природен резерват во јужниот дел на Кина, а избегале минатата година, од засега непознати причини.

Слоновите минуваа низ посеви, фарми, па дури и населени места, и се претпоставува дека штета што ја предизвикаа изнесува над милион евра.

slatka-fotografija-go-osvoi-svetot-slonovite-koi-so-meseci-lutaat-niz-kina-zastanaa-da-odmorat-vo-shuma-04.jpg

Покрај властите кои ја следат ситуацијата уште од минатата година, повеќе од една недела и јавноста е во тек со нивното движење, а жителите на градовите до кои се доближуваат слоновите редовно добиваат предупредувања да бидат особено внимателни.

Неодамна, пак, слоновитe беа забележани како спијат во шума, а ретко кој остана рамнодушен на слатките фотографии. Покрај големите слонови, на фотките се забележуваат и неколку мали слончиња.

viralni-fotki-go-osvoija-svetot-po-15-meseci-i-pominati-500km-slonovi-uzhivaat-vo-zasluzhena-dremka03.jpg

slatka-fotografija-go-osvoi-svetot-slonovite-koi-so-meseci-lutaat-niz-kina-zastanaa-da-odmorat-vo-shuma-03.jpg

И покрај штетата што ја предизвикуваат, властите се најзагрижени за безбедноста на слоновите. Имено, овие слонови се загрозени и во Кина има само уште околу 300 единки.

Според BBC, кинеските власти имаат пуштено 14 дронови и 500 луѓе кои треба да внимаваат на стадото, но и да го оддалечуваат од населени места. Досегашните обиди да ги натераат да се вратат во нивното живеалиште се безуспешни.

slatka-fotografija-go-osvoi-svetot-slonovite-koi-so-meseci-lutaat-niz-kina-zastanaa-da-odmorat-vo-shuma-05.jpg

Стадото го сочинуваат 15 слонови, од кои три се малечки. Еден слон се оддалечил од групата и моментално се наоѓа на растојание од околу 4 километри од другите.

slatka-fotografija-go-osvoi-svetot-slonovite-koi-so-meseci-lutaat-niz-kina-zastanaa-da-odmorat-vo-shuma-06.jpg

Уште не е познато што ги натерало слоновите да тргнат на ова долго патување. Според некои теории, можеби нивниот неискусен лидер случајно ги однел во погрешна насока, а некои експерти тврдат дека можеби си бараат ново живеалиште.

Научниците велат дека досега ниту едно стадо диви слонови не се оддалечило толку од своето живеалиште.

Повеќе фотки од необичното патешествие на стадото слонови:

slatka-fotografija-go-osvoi-svetot-slonovite-koi-so-meseci-lutaat-niz-kina-zastanaa-da-odmorat-vo-shuma-07.jpg

slatka-fotografija-go-osvoi-svetot-slonovite-koi-so-meseci-lutaat-niz-kina-zastanaa-da-odmorat-vo-shuma-08.jpg

slatka-fotografija-go-osvoi-svetot-slonovite-koi-so-meseci-lutaat-niz-kina-zastanaa-da-odmorat-vo-shuma-09.jpg

slatka-fotografija-go-osvoi-svetot-slonovite-koi-so-meseci-lutaat-niz-kina-zastanaa-da-odmorat-vo-shuma-10.jpg

slatka-fotografija-go-osvoi-svetot-slonovite-koi-so-meseci-lutaat-niz-kina-zastanaa-da-odmorat-vo-shuma-11.jpg

slatka-fotografija-go-osvoi-svetot-slonovite-koi-so-meseci-lutaat-niz-kina-zastanaa-da-odmorat-vo-shuma-12.jpg

slatka-fotografija-go-osvoi-svetot-slonovite-koi-so-meseci-lutaat-niz-kina-zastanaa-da-odmorat-vo-shuma-13.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку е различен светот низ очите на животните? Ако мислите дека сите го гледаме светот низ исти очи - не сте свесни колку греши...
Сè што треба да знаете ако одлучите да чувате мачка Чувањето милениче е многу повеќе од тоа да го одржуваме во живот со храна и вода...
Зошто кучињата се најдобри пријатели на дечињата со аутизам? Неоспорен факт е дека децата обожаваат животни. Љубовта помеѓу нив се одликува с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg