Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат?

Зошто си ги лижат шепите?

Мачките се познати по тоа што редовно го пеглаат и го дотеруваат крзното.

На тој начин водат грижа за „сопствениот изглед“, но и истовремено ги отстрануваат паразитите од себеси.

Исто така, на тој начин ги распоредуваат маслата од кожата, па прават крзното да им биде водоотпорно.

Освен тоа, со лижењето на крзното мачките се смируваат себеси.

Го распоредуваат сопствениот мирис по целото тело за да се чувствуваат безбедно и сигурно.

Odgovori-na-nekoi-od-najcestite-prashanja-za-mackite-dali-ve-sakaat-zoshto-predat-zoshto-nosat-zivotinki-06.jpg

Зошто се тријат од вас?

На оние што чуваат мачки многупати им се случило нивното милениче постојано да им се плетка помеѓу нозете, па дури и во некои случаи и да ги сопне.

Но, што им значи таквото триење од нозете и дали само сакаат да им посветите внимание?

Мачките имаат мошне изострено сетило за мирис и тие мошне често комуницираат со помош на тоа сетило.

Така мачките што припаѓаат на истата група разменуваат мириси така што се тријат помеѓу себе и на тој начин создаваат групен мирис што им помага да се распознаваат.

Така, ова однесување се пренесува и на нивните сопственици и на останатите членови во семејството.

Иако вие нема да можете да го почувствувате „парфемот“ на вашата мачка, другите мачки ќе знаат дека веќе сте зафатени.

Odgovori-na-nekoi-od-najcestite-prashanja-za-mackite-dali-ve-sakaat-zoshto-predat-zoshto-nosat-zivotinki-07.jpg

Зошто ви седат во скут?

Нема ништо поубаво од тоа вие да бидете „избраниот“ кај кого мачката постојано сака да седи и да дреме иако има и други членови во семејството.

Причината за тоа е мошне едноставна – топли сте и удобно им е кај вас.

Сепак, ако мачката не сака да ви седне во скут тоа не значи дека не ѝ се допаѓате.

Голем број мачки што имаат долго влакно не сакаат да седат во скут затоа што им е премногу топло. Затоа ќе седнат во ваша близина за да го добијат посакуваното внимание.

Исто така има и такви мачки што сакаат да бидат во близина, но не сакаат да ги допирате. Тие избираат на кој начин ќе се одвива вашата релација и под кои услови.

Odgovori-na-nekoi-od-najcestite-prashanja-za-mackite-dali-ve-sakaat-zoshto-predat-zoshto-nosat-zivotinki-08.jpg

Зошто мачките „месат“ со шепите

Ако некогаш сте виделе мачка со мали мачиња брзо ќе забележите дека мачињата „месат“ со шепите веднаш штом ќе се родат.

Мачето „меси“ прво на стомакот на мајка му за да ѝ каже дека е гладно и дека сака млеко.

Сепак, кај некои мачки оваа навика останува и кога се веќе големи.

Често се вели дека мачките што „месат“ се чувствуваат смирено, задоволно и подготвени за дремка.

Б. С. Б. | Црнобело

фото: freepiк.com



Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...

Најчитани неделава