Бебе орангутан без прекин го бакнува трудничкиот стомак на жена во зоолошка, преку стакло (видео)

Ова е едно од најубавите видеа во последно време - зрачи со љубов и топлина... Бебе орангутан е воодушевено од трудничкиот стомак на жена од Англија.

bebe-orangutan-bez-prekin-go-baknuva-trudnichkiot-stomak-na-zhena-vo-zoo-preku-staklo-video-01.jpg

Наоми Дејвис (34) од Англија посетила локална зоолошка градина со својот свршеник и доживеала неверојатна ситуација – бебе орангутан без прекин го бакнувал нејзиниот труднички стомак преку стаклото.

Во тој период Наоми била 4-ти месец бремена, а нејзиниот свршеник го снимил прекрасниот миг. Видеото за кусо време стана вирален хит.

Бебето орангутан се качило врз возрасен орангутан и се залепило до стаклото до стомакот на Наоми. Таа била трогната од ситуацијата.

Ова видео дефинитивно е позитива на денот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немаше да преживее, мајка му го отфрли“ - Мајмунчето Лука во ЗОО Скопје денес слави 12-ти роденден ... „12 години живот. 12 години победа. Лука немаше да преживее. Отфрлен од мајката ...
Бебе елен се роди во Скопје ЗОО: „Оваа преубава дама ни донесе многу радост“ Ова е прва принова кај нас по подолго време, па од Скопје ЗОО на Фејсбук сподели...
10 емотивни сцени од Скопје ЗОО топат срца, низ објективот на Горан Анастасовски „Ако овие фотографии допрат барем едно срце и потсетат дека животните чувствуваа...

Најчитани неделава