„Романтично“ видео на кое слон ѝ искажува љубов на саканата со букет цвеќе е остро критикувано

Видео со „запросување“ од два индиски слона предизвика голем број негативни коментари на социјалните мрежи. Додека едни се воодушевени од запросувањето, други се згрозени и сметаат дека слоновите биле малтретирани и дресирани за да се однесуваат така.

kritiki-za-viralno-video-vo-koe-se-gleda-kako-slon-i-iskazhuva-ljubov-na-svojata-sakana-so-buket-cvekje-01.jpg

На социјалните мрежи кружи видео од два слона, кое на прв поглед е слатко и личи на романтично запросување, но сепак има причина зошто некои луѓе се гневни на ова видео.

„Мошне романтично …“, „Се надеваме дека не биле злоупотребувани за да се однесуваат вака“ – луѓето што имале можност да го погледнат видеото се со поделени мислења за постапката на слонот што ѝ подарува букет цвеќе на својата сакана.

Додека едни се воодушевени од настанот, други сметаат дека слоновите биле малтретирани и злоупотребувани за да бидат издресирани да ја изведат оваа точка на видео.

kritiki-za-viralno-video-vo-koe-se-gleda-kako-slon-i-iskazhuva-ljubov-na-svojata-sakana-so-buket-cvekje-02.jpg

Видеото е објавено на Инстаграм страната @ElephantsOfWorld, а е насловено „Прифатено запросување“.

Возрасниот слон со букет цвеќе „ја запросува“ својата сакана, а таа го прифаќа.

„На прв поглед бев воодушевена … Но, откако размислив, сфатив дека сето ова е наместено и не можев а да не се запрашам каков тренинг и ’алатки‘ биле употребени за да ги научат да ги изведуваат овие движења“ – стои во еден од коментарите.

„Не, не е добро. Ова не е природно. Тие слонови биле присилени да се однесуваат така“ – стои во друг коментар.

kritiki-za-viralno-video-vo-koe-se-gleda-kako-slon-i-iskazhuva-ljubov-na-svojata-sakana-so-buket-cvekje-03.jpg

Инаку, познато е дека слоновите не се парат доживотно, но сепак тие имаат мошне силно чувство за лојалност и за заштита на семејството.

Во време на еден период на парење, женката може да одлучи да се пари со повеќе мажјаци, но честопати се случува постојано да го избира истиот партнер.

Вообичаено мажјаците живеат сами, а женките живеат во големи семејни групи, заедно со другите женски членови од семејството и со нивното потомство.

Погледнете го видеото од слоновите во Индија кое предизвика поделени мислења:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 забавни факти за слоновите - Ги „погребуваат“ нивните мртви, може да изодат 120 километри дневно Слоновите покажуваат огромна емоционална интелигенција. Тие се едни од ретките ж...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
„Морско чудовиште“ е хит на социјалните мрежи – За какво животно се работи и дали е опасно? (видео) „Што е ова?“ – прашуваат голем број од корисниците на социјалните мрежи откако е...
Се верува дека е предвесник на земјотреси – Нуркачи снимија ретка „риба весло“ во близина на Тајван ... Ако оваа риба биде забележана во плитките води, тогаш ќе има земјотреси, според ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg