Позитива на денот: Слонче ѝ се заблагодарува на девојка која му помогна да излезе од кал (видео)

На видео снимено во Тајланд, кое сигурно ќе ви го разубави денот, се гледа како девојка му помага на мало слонче да излезе од кал. На крај, слончето ја крева сурлата кон неа во знак на благодарност.

pozitiva-na-denot-slonche-se-zablagodaruva-na-devojka-koja-mu-pomogna-da-izleze-od-kal-video-01.jpg

Неодамна на Редит беше споделено видео кое веднаш ја освои јавноста.

Во видеото се гледа мало слонче кое се заглавило во кал покрај патот. Додека слончето безуспешно се обидува да излезе од калта, млада девојка му приоѓа и му помага.

Девојката пробува да му ги извлече нозете една по една и, на крај, слончето успева да излезе од калта.

На самиот крај од видеото, слончето се врти кон девојката и ја крева сурлата, а според некои корисници ова го прави во знак на благодарност.

A girl frees baby elephant calf whose feet got stuck in roadside mud
by u/PeecockPrince in HumansBeingBros

Видеото е снимено во Азија, најверојатно во Тајланд, каде што слоновите се загрозен вид.

На почетокот од 20-тиот век, се претпоставува дека во дивината живееле околу 300.000 слонови, како и околу 100.000 во заробеништво или во природни резервати.

За жал, се проценува дека денес во Тајланд има околу 6.000 слонови.

pozitiva-na-denot-slonche-se-zablagodaruva-na-devojka-koja-mu-pomogna-da-izleze-od-kal-video-04.jpg

Поради ова, форумџиите се особено трогнати од постапката на младата девојка и на објавата нема ниту еден лош коментар.

„Зошто сè што прават слоновите е слатко?“

„Покажувањето благодарност со сурлата ми го стопи срцето“.

„Браво и за кучето кое дава морална поддршка!“

pozitiva-na-denot-slonche-se-zablagodaruva-na-devojka-koja-mu-pomogna-da-izleze-od-kal-video-03.jpg

„Се стопив од видеото. Девојката сепак ризикуваше - слончето можеше да падне врз неа“.

„Слоновите имаат одлична меморија. Ова слонче засекогаш ќе ја помни девојката“.

pozitiva-na-denot-slonche-se-zablagodaruva-na-devojka-koja-mu-pomogna-da-izleze-od-kal-video-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...

Најчитани неделава