11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер)

Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вкочанетост во грбот. Намалете ја болката со овие 11 вежби...

11-vezhbi-za-istegnuvanje-za-site-vkochaneti-shto-rabotat-pred-kompjuter-01.jpg

Седите по цел ден пред компјутер и болките во грбот се неиздржливи. А, тука се и мобилните телефони поради кои ја наведнуваме главата надолу, па полека почнуваме да се згрбавуваме.

За да го размрдате телото, правете ги вежбите по дадениот редослед и опуштете се по долгиот работен ден.

Вашиот вкочанет грб ќе ви биде благодарен.

Вежби за истегнување што вреди да ги пробате:

Вежба бр. 1

Застанете исправено, со стапалата во ширина на рамената. Длабоко вдишете и кренете ги рацете нагоре. Во исто време, опуштете ги рамената колку што можете повеќе.

Додека издишувате, спуштете ја десната рака полукружно сè до левиот колк.

Во исто време, испружената лева рака ставете ја над главата и гледајте кон таванот. Останете во таа положба 20 секунди.

11-vezhbi-za-istegnuvanje-za-site-vkochaneti-shto-rabotat-pred-kompjuter-02.jpg

Вежба бр. 2

Кога ќе ја завршите претходната вежба, повторно кренете ги рацете и свртете ги стапалата малку надесно.

Од таа положба свртете се во правец кон десното стапало и свиткајте се, така што рацете ќе ви бидат испружени под агол од околу 45 степени во однос на подот.

Држете го грбот исправен и истегнете ги рацете 20 секунди.

11-vezhbi-za-istegnuvanje-za-site-vkochaneti-shto-rabotat-pred-kompjuter-03.jpg

Вежба бр. 3

Додека сте во положба на втората вежба, издишете и свиткајте се што е множно пониско до подот (но, грбот да ви остане исправен).

Останете така 30 секунди.

Потоа, повторете ги вежбите 1, 2 и 3 на левата страна.

11-vezhbi-za-istegnuvanje-za-site-vkochaneti-shto-rabotat-pred-kompjuter-04.jpg

Вежба бр. 4

Пријдете до ѕидот и допрете го со дланките (рацете да ви бидат поставени право).

Почнете да го спуштате телото надолу, што е можно пониско кон подот. Исто така, треба да ја спуштите и главата.

Останете во оваа положба 1-1,5 минута.

11-vezhbi-za-istegnuvanje-za-site-vkochaneti-shto-rabotat-pred-kompjuter-05.jpg

Вежба бр. 5

Исправете се, па полека почнете да го виткате телото нанапред - прво главата, потоа рамената, лопатките и на крај грбот.

Вратот треба да биде опуштен.

Останете во оваа положба 20 секунди и повторете ја вежбата уште 2 пати.

11-vezhbi-za-istegnuvanje-za-site-vkochaneti-shto-rabotat-pred-kompjuter-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава