5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите)

Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратите дома за да си легнете? Потоа веќе не ви се прави ништо, а најмалку од сè ви се вежба. Но, овие 5 лесни вежби ќе ве „препородат“.

5-lesni-vezhbi-za-zheni-nad-50-godini-a-mozhe-da-gi-pravat-site-01.jpg

Чери Шулц, инструктор по јога, со 18 години искуство во ова поле, вели дека животот не завршува откако ќе наполните 50 години и дека тоа не треба да е пречка да имате здрави навики.

Според Шулц, која на Инстаграм ја следат преку 432.000 луѓе, само затоа што имате над 50 години и сте изморени и немате сила, не значи дека треба да му се предадете на заморот.

Напротив, повеќе енергија ќе имате ако направите неколку едноставни вежби, за кои не ви треба опрема.

Шулц овие 5 вежби ги нарекува „Дневна 50-ка“, односно неколку вежби кои треба да ги повторувате секој ден по 50 пати (или да ги издржите 50 секунди).

5-lesni-vezhbi-za-zheni-nad-50-godini-a-mozhe-da-gi-pravat-site-03.jpg

Вежбите се едноставни:

Прво направете 50 склекови, но не на под туку на ѕид, така што ќе се допирате и оттурнувате од ѕидот.

Втората вежба се чучнувања, но наместо да се спуштате до подот, 50 пати треба да седнете на столчето.

Трета вежба се исчекори, односно 50 пати да клекнете надолу и да ја испружите едната нога во исчекор, а потоа и другата (по 25 пати со двете нозе).

Следат 50 секунди „седење на ѕид“, односно треба да се допрете со грбот до ѕидот во седечка положба, а рацете да ги испружите напред.

Сетот вежби завршува со 50 секунди планк, но наместо да стоите рамно на земја, со рацете потпрете се на столче, а телото нека ви стои исправено како во вообичаената положба за планк.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg