8 вежби со кои ќе го доведете телото во топ форма до лето
Петта вежба
Петтата вежба претставува најобично скокање со јаже.
Колку долго ќе скокате, зависи од вашата кондиција – можете да почнете со три сета по половина минута, па потоа менувајте. Ако ви е тешко, намалете ги секундите, ако ви е многу лесно, зголемете ги.
Шеста вежба
Легнете на грб и поставете ги рацете покрај телото. Свиткајте ги колената под прав агол, доближете ги до градите, држете ја положбата неколку секунди, па вратете ги нозете во претходната положба.
Направете три сета со 10 повторувања.
Седма вежба
Седмата вежба се склекови.
Застанете во положба на планк, со дланките поставени во линија на рамената и стегнете го стомакот. Додека издишувате, спуштете се надолу со помош на рацете, а додека вдишувате кренете се горе.
Доколку вака ви е тешко, можете да ги свиткате колената, па наместо на стапалата да се потпирате на нив.
Направете три сета со по десет повторувања.
Осма вежба
Застанете на сите четири со дланките во линија на рамената, а колената во линија на колковите. Стегнете го стомакот и исправете го грбот.
Кренете ја едната нога кон назад, со колено свикано под прав агол, држете неколку секунди, па вратете ја ногата долу.
Направете по десет повторувања со секоја нога.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





