8 вежби со кои ќе го доведете телото во топ форма до лето

За да го затегнете телото и да изгледате совршено до лето, доволни ви се само овие осум вежби за кои не ви треба опрема, освен јаже за скокање.

8-vezhbi-so-koi-kje-go-dovedete-teloto-vo-top-forma-do-leto-01.JPG

Летото е речиси овде, но сепак имате доволно време да го затегнете телото и да се вратите во форма, а со тоа да го подобрите и здравјето.

Ако немате време за теретана, истиот ефект ќе го постигнете и со вежби кои се прават дома, без никаква опрема.

Осум вежби со кои ќе го доведете телото во топ форма за еден месец:

Прва вежба

Застанете со грбот свртен кон ѕид, навалете се на ѕидот и поставете ги нозете малку понапред. Клекнете така што колената ќе ви бидат свиткани под прав агол и ќе се потпирате на ѕидот со грбот.

Рацете треба да ви бидат поставени на половината, а стомакот затегнат. Држете ја положбата околу една минута, па направете уште две повторувања.

8-vezhbi-so-koi-kje-go-dovedete-teloto-vo-top-forma-do-leto-02.JPG

Втора вежба

Ова е всушност вежбата позната како планк која го зајакнува целото тело.

Застанете на сите четири, па потпрете се на лактите – треба да ви бидат веднаш под рамената. Испружете ги нозете кон назад и застанете на прстите.

Исправете го грбот, стегнете го стомакот и држете ја положбата што е можно подолго. Секој ден зголемувајте го времето за пет до десет секунди, додека не стигнете до една минута.

8-vezhbi-so-koi-kje-go-dovedete-teloto-vo-top-forma-do-leto-03.JPG

Трета вежба

Застанете во положба на планк, но наместо на лактите, потпрете се на дланките. Распоредете ја тежината на дланките и прстите од стапалата.

Дланките треба да ви бидат во ширина на рамената, грбот исправен и стомакот стегнат.

Едното колено доближете го што е можно повеќе до градите, па со брзо движење вратете ја ногата во почетната положба, а друга доближете ја до градите.

Направете десет повторувања.

8-vezhbi-so-koi-kje-go-dovedete-teloto-vo-top-forma-do-leto-04.JPG

Четврта вежба

Легнете на грб, исправете ги нозете, а дланките ставете ги на задниот дел од главата – како во положба за стомачни.

Подигнете го горниот дел од телото и во исто време допрете го левиот лакт со десното колено.

Со кружни движења на нозете, како да возите велосипед, наизменично допирајте ги спротивните лакт и колено.

Правете ја вежбата околу една минута.

8-vezhbi-so-koi-kje-go-dovedete-teloto-vo-top-forma-do-leto-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава