3 вежби за поголем и поцврст задник

Нема девојка што не посакува да го има задникот на Бијонсе или Џенифер Лопез. Понекогаш не е сѐ во големината, туку и во тоа како е обликуван.

3-vezbi-za-pogolem-i-pocvrst-zadnik-01.jpg

Ако сакате цврст, топчест и секси задник може тоа да го добиете само со 3 вежби. Единствен услов е да ги правите секојдневно, ако сакате да го добиете и да го одржите добриот изглед.

Со помош на Лизабет Лопез, професионален фитнес модел која го има еден од најдобрите задници во светот, може да го добиете посакуваниот задник на кој сите ќе ви завидуваат.

1. Подигнато стапало

Оваа вежба е клучна доколку го сакате тркалестиот облик на задникот.

На подот застанете во положба на маса, така што ќе клекнете на колена ќе се исправите нанапред и ќе се потпрете на дланките.

Потоа, полека ја поткревате едната нога во висина со задникот, ја свиткувате кај коленото на 90 степени и така останувате во иста позиција 1 минута.

Вежбата мора да ја повторите неколку пати наизменично.

so-3-cekori-do-pogolem-i-poseksi-zadnik1.jpg


2. Скокајте

Почнете полека со благо потскокнување. Исправете ги нозете и рацете, вдишете длабоко и издишете. Обидете колку можете да бидете поисправени.

Ваквата вежба треба да ја  повторувате околу 30 секунди.

so-3-cekori-do-pogolem-i-poseksi-zadnik-2


3. Мост со една нога

Најпрво легнете, доближете ги нозете една до друга, горниотт дел на грбот зад рамената залепете го на подот и полека подигнете го телото во вид на мост.

Едната нога подигнете ја, а со другата одржувајте баланс  и рамнотежа. Оваа вежба треба да ја повторите 20 пати со едната нога, па заменете ја со другата.

Покрај тоа што ќе добиете супер обликуван задник, истовремено ќе уживате без преголем напор.

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg