Едноставни начини за да ги потрошите вишокот калории

Разните диети, часовите поминати во теретана, пиењето на скапи препарати за слабеење сето тоа на некој одреден начин помага за да се намалат килограмите. Но, зошто да патите и да се изгладнувате, кога може на полесен и поедноставен начин да ги согорувате калориите.

ednostavni-nacini-za-da-gi-potrosite-visokot-kalorii-01

Бидете бесни

Ако сакате да се придвижите, а немате сила, доволно е само да се сетите на личноста која неодамна ве налутила и на тој начин ќе се разбесните, ќе се размрдате и ќе бидете побрзи и поефикасни.

Комбинирајте ги вежбите

Додека сте на редовен тренинг не се насочувајте само на одредени исти вежби, туку комбинирајте кардио вежби и вежби за зацврстување. На тој начин согорувате многу повеќе калории.

Фокусирајте се на нозете

Спуштањето до половина со раширени и цврсти нозе помага за зацврстување на бутовите, ви помага и во трошењето калории, но и за добриот изглед и затегнат задник.

Согорувајте повеќе масти

Еден час пред тренинг јадете мусли, јаболка, овошје и пијте јогурт или сок од јаболко. На тој начин ќе согорите двапати повеќе масти, отколку ако јадете леб, маргарин и џем.

Возете велосипед

Возењето велосипед е еден од најдобрите начини за да се согорат вишокот калории.

Продолжете го ефектот

Два часа по тренингот не користете никакви масти. Тренингот го активира хормонот за раст, кој ги разградува мастите во телот. Доколку јадете нешто масно во овој период, ќе го запрете тој процес.

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg