Фит мајка обожава да вежба, а децата ги користи како тегови

Лорен Роџерс е мајка на две деца која живее со сопругот во воената база на Алјаска. Таа толку сака да вежба, што дури и ќерките ги вклучува во секојдневната рутина, а на својот Инстаграм профил редовно објавува фотографии и видеа од тренинзите.

fit-majka-obozava-da-vezba-a-decata-gi-koristi-kako-tegovi-01

Како што кажува, неа мајчинството не ја спречило да продолжи да се занимава со физичка активност, а бидејќи некогаш боледувала и од нарушен начин на исхрана, поради децата се труди да остане здрава.

-Тоа што сум мајка ми е главна причина за да бидам здрава и фит. Сакам моите ќерки да имаат добар пример во свет каде сè повеќе има дебели, како и луѓе со нарушена исхрана.

Сакам кога сами бараат да јадат овошје и зеленчук, да вежбаат, а имаат една, односно две години. Нашите деца нè наследуваат, а ако сакате токму тие да го променат светот, треба да им покажете како.

Иако некогаш е тешко да се вежба и да се внимава на децата, Лорен се снашла, така што ги користи ќерките како тегови, а во тоа уживаат и тие.

Некогаш вежба со двете наеднаш, држејќи ја едната во раце, а другата на грб.


Некогаш, пак, вежбаат заедно и со сопругот, правејќи чучнувања додека едното девојче е на нејзините рамена, а другото на неговите.

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава