Верувале или не, но само со вежбање нема да ослабете

Лоша вест за оние кои цело време вежбаат, со цел да уживаат барем малку повеќе во храната и да отстранат некој килограм вишок.  

veruvale-ili-ne-n-so-vezbanje-ne-slabeete-1

Вистината е следна: вежбањето не ви помага да го изедначите соодносот на внесените и потрошените калории, а тоа го тврди нутриционистот и доктор Михаел Мозли.

Според неговото истражување, тој вели дека со вежбањето на телото вие трошите калории, но помалку од тоа што внесувате. Половина килограм масти содржат 3.500 калории, а за да ја стопите таа количина потребно е да истрчате 60 километри.

Со само половина километри поминати во трчање, вие не трошите ништо повеќе од 100 калории, а доколку после тоа изедете една обична крофна во телото сте внеле 500 калории.

Доколку не практикувате да трчате, па наместо тоа пешачите тогаш за еден час вие сте потрошиле 150 калории, исто толку колку што внесувате кога пиете едно кафе со млеко, вели доктор Мозли.

Токму затоа луѓето кои само вежбаат и не внимаваат на исхраната имаат послаби резултати и губењето на тежина се одвива бавно.veruvale-ili-ne-n-so-vezbanje-ne-slabeete-2

Доктор Мозли додава дека голема улога игра и метаболизмот. Неговото неодамнешно истражување врз 100 испитаници кои 5 дена неделно по половина час вежбале дало неверојатни заклучоци.

Само една петина од овие луѓе ја поправила својата физичка кондиција, една петина не ја поправила воопшто, а кај остатокот од испитаниците таа се поправила во едвај забележителна мера.

Вежбањето е добро за одржување на витката линија, заклучува стручњакот, но доколку после секој тренинг внесувате грисини и слатко тогаш ништо не сте постигнале. Со вежбање може да се намали тежината, но единствено ако се внимава на исхраната. 

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg