7 Работи кои ќе ви се случат ако почнете да џогирате

Џогирањето е една од наједноставните и најевтините активности кои секој може да ги применува. Mоже да го применувате во секоја прилика, не ви е потребна специјална скапа опрема за разлика од некои други спортови, ниту посебни услови и справи.

7-raboti-koi-ke-vi-se-slucat-ako-pocnete-da-dzogirate-01

Сè што ви е потребно се само желбата, добрата волја и позитивна мисла.

Некои стручњаци велат дека трчањето и брзото одење е најдобро за здравјето. Предностите кои овој тип на физичка активност му ги дава на вашиот организам не можат да се набројат.

Се чувствувате подобро

Без оглед на сите проблеми кои ве мачат и сè што сакате да постигнете тој ден ако сте вежбале сигурно расположението ќе ви биде подобро. Организмот ќе ви биде благодарен, ако тој ден сте направиле барем едно нешто – сте џогирале.

Ќе ви се зголеми самодовербата

Како што ги симнувате килограмите, така вашата самодоверба расте. Она што многумина не го знаат е дека вистинското топење масти започнува дури по тренингот, а колку повеќе тренирате, слабеењето е сè побрзо.

Ќе добиете природен сјај

Вашето тело ќе биде во совршена форма благодарение на трчањето. Ќе ви се подобри расположението, а потењето ќе ги поттикне и природните течности во вашата кожа поради кои ќе изгледате помладо и поздраво.

7-raboti-koi-ke-vi-se-slucat-ako-pocnete-da-dzogirate-1

Ќе ви зајакнат колената

Многумина мислат дека џогингот ги оштетува колената, но се лажат. Трчањето ја зголемува коскената маса и ги зајакнува мускулите на нозете.

Ќе ви зајакне срцето

Се намалува лошиот холестерол, а се зголемува добриот. Срцето ќе ви работи подобро, притисокот ќе ви се намали, а овој вид спорт се препорачува на сите оние кои имаат срцеви проблеми.

Ќе ви се подобри сонот

Истражувањето кое е спроведено меѓу луѓето кои патат од несоница покажало дека луѓето кои трчаат успеваат да заспијат после 17 минути, додека на оние кои не трчаат потребни им се дури 38 минути.

Ќе си ги подобрите финансиите

Кога ќе го видите резултатот од овој бесплатен спорт, ќе престанете да купувате препарати за диети и да одите на разни масажи или да плаќате членарина во теретана.

7-raboti-koi-ke-vi-se-slucat-ako-pocnete-da-dzogirate-2

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот Ако сте од оние помрзливите, но сепак сонувате за рамен стомак, тогаш сигурно ќе...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg