Трансформација за една година: Не би ја препознале

Ејми Хамби (26) од Велика Британија за една година успеала неверојатно да се трансформира. Нејзината цел била да стане како нејзиниот идол Џоди Марш. Мисијата ѝ била повеќе од успешна.

transformacija-za-edna-godina-ne-bi-japrepoznale-01

За да дојде до посакуваниот изглед, Ејми тренирала шест пати неделни и се насочила кон здравата исхрана, пилешкото месо, зеленчук и риба.

Еден ден во неделата си дозволувала да ужива во својата омилена калорична храна.

Пред да почнам да тренирам, ја мразев теретаната и мојот стомак изгледаше лошо. Јадев погрешена храна и вишокот килограми само ми се таложеше. – додава оваа жена и мајка на две деца.

Само со упорност испеала да стигне и до победа на Националното натпреварување за бодибилдери аматери. Со својата промена успеала да докаже дека сè е возможно ако се сака и ако се издржи. Од многумина добила пофалби за постигнатиот резултат, но и критики од оние кои немале разбирање за нејзината страст кон мускулестото тело.

Ејми сега посакува да стане личен тренер и да ги мотивира останатите жени за да го прифатат ваквиот изглед на телото.

Погледнете како изгледала некогаш

transformacija-za-edna-godina-ne-bi-japrepoznale-3.jpg

Како изгледа денес

transformacija-za-edna-godina-ne-bi-japrepoznale-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава