5 Начини да го забрзате вашиот метаболизам во раните утрински часови

Согорете повеќе калории од мигот кога ќе се разбудите со помош на овие 5 совети, кои за брзо време ќе ви прераснат во рутина.

5-nacini-da-go-zabrzate-vasiot-metabolizam-rano-nautro-1

Согорувањето калории не секогаш значи дека треба да гладувате или да го одложувате оброкот, туку станува збор за утрински навики кои ќе ви помогнат побрзо да ослабете.

Разбудете се и забрзајте го метаболизмот:

1. Вежбајте

Вежбањето помага во забрзување на метаболизмот, но ги согорува и калориите. Освен тоа, вежбањето е половина здравје, па затоа штом се разбудите може да трчате или да вежбате на некоја домашна справа.

2. Додајте интензитет

Последните истражувања покажале дека вежбањето од 2,5 минути со зголемен интензитет, доведува до согорување на калории во текот на целиот ден, поточно 200 калории.

3. Вежби за мускули

Најдобриот начин да согорувате калории во текот на целиот ден, со тоа што ќе го забрзате метаболизмот од рано наутро е со помош на вежби за мускули. Тука одлично ќе ви се најдат малите тегови за раце, со кои можете да вежбате додека ги гледате првите вести или утринските емисии на телевизија. Вежбајте наизменично, направете стомачни, склекови, истегнете се и подготвени сте за новиот ден. 

4. Не го одложувајте појадокот

Појадокот го одржува вашиот метаболизам во најдобрата форма, токму и затоа никако не смеете да го одложувате. Првата работа што треба да ја направите наутро е да ја појадувате, бидејќи тогаш вашето тело е подготвено да согорува калории.

5. Ужина после појадок

Ако не верувате дека е возможно да јадете и слабеете, тогаш грешите. Единствено, треба да внимавате она што го консумирате да е здраво и да не содржи премногу маснотии, како брзата храна. Како ужина, консумирајте нешто што содржи антиоксиданс и протеини, бидејќи така вашиот метаболизам повеќе ќе се забрза. 

Би можело да ве интересира:

Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
Една вежба со која ќе ја намалите болката во ‘рбетот (и да имате подобро држење на телото) Ако ја повторувате вежбата секој ден, со текот на времето ќе почувствувате дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg