3 вежби за цврсти и подигнати гради без push-up градник
Совршените и цврсти гради се сон на секоја жена. Токму затоа сите го обожаваат ефектот на push-up градниците, без да знаат дека постојат вежби кои го имаат истиот, подолготраен ефект.
Ова е деталниот опис како да ги изведете топ 3-те вежби во домашни услови или теретана:
1 вежба
Легнете на клупа, на грб, а нозете поставете ги на земја и раширете ги на страна.
Во секоја рака земете еден тег, подигнете го во висина на рамениците, па ширете ги и виткајте рацете под агол од 90 степени.
Со издишување, подигнете ги теговите над главата, па рацете вратете ги во првобитната положба.
Вежбата правете ја во 3 серии од по 10-15 повторувања.
2 вежба
Клекнете на коленици, навалете нанапред и со потполно рамни раменици потпрете се на дланките, кои треба да ви бидат свртени нанапред.
Со издишување, полека спуштете се како да правите склекови, со таа разлика што лактите постепено ќе ги оттргнувате од страна. Нозете остануваат во подвиткана состојба.
Вежбата правете ја во 3 серии од по 10 повторувања.
3 вежба
Легнете на клупа, на грб, а нозете раширете ги на страна.
Во секоја рака земете еден тег, подигнете ги рацете над градите додека теговите не се допрат.
Полека раширувајте ги рацете и враќате ги во првобитната положба.
Важно е вежбата да ја правите бавно, колку што можете да издржите.
Правете ја во 3 серии од по 10-15 повторувања.
Би можело да ве интересира:





