Масната храна и слатките ги заменила со тегови. Ова се резултатите (фото)

Синди Гарсија Листер некогаш била зависна од масна, брза храна и десерти кои и донеле 25 килограми вишок.

masnata-hrana-i-slatkite-gi-zamenila-so-tegovi-ova-se-rezultatite-foto-01.jpg

Сепак, решила да направи драстична промена, па се почестила со месечна членарина за теретана наместо со десерт. Резултатите кои ги постигнала се импресивни!

Денес Синди има совршено тело и професионално се занимава со бодибилдинг, а редовно освојува награди на натпреварите.

- Не можам да верувам колку ми се промени животот. Се чувствувам неспоредливо здраво, а резултатите кои ги постигнав се навистина очигледни, вели Синди.

masnata-hrana-i-slatkite-gi-zamenila-so-tegovi-ova-se-rezultatite-foto-03.jpg

Иако како девојче била слаба, на факултет доста се здебелила.

- Бев осамена затоа што почнав да живеам сама. Утехата ја наоѓав во храната и често претерував во тоа. Така стигнав до дебелината која ме направи депресивна.

masnata-hrana-i-slatkite-gi-zamenila-so-tegovi-ova-se-rezultatite-foto-02.jpg

Неколку пати се обидувала да ослабе со разни диети и режими на исхрана, но сепак не остварила задоволувачки резултати, што ја правело уште подепресивна.

- Знаев дека дефинитивно дојде времето да превземам нешто и решив да се одвикнам од брзата храна. Потоа почнав да одам во теретана. Многу девојки ги избегнуваат теговите плашејќи се дека ќе станат претерано мускулести, но тоа не е вистина.

Синди сега е и приватен тренер кој им помага на луѓето со проблем сличен на нејзиниот.

- Мило ми е што ги мотивирам луѓето да тргнат по мојот пат и верувајте дека навистина се исплати. Мојот живот денес е драстично поинаков и го обожавам заради тоа!

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава