3 вежби со кои бргу ќе ги стопите масните наслаги на стомакот

По зимското внесување на високо калорични оброци преминавте на диети и режими за да ги намалите килограмите и што е најважно да се ослободите од масните наслаги кои се прилепени за вашиот стомак, но тоа некако споро ви оди.

3-vezbi-so-koi-brgu-kje-gi-sogorite-masnite-naslagi-na-stomakot-001.jpg

Ова се три брзи и едноставни вежби кои ќе ве доведат до посакуваните резултати доколку ги практикувате секојдневно.

Секако не заборавајте и на правилната исхара и течностите. 8 чаши вода ви се секојдневно неопходни за нормално функционирање на метаболизмот и добро варење на храната.


1. Странично свиткување

Раширете ги нозете на тој начин што стапалата ќе бидат во иста должина со вашите рамења и рацете поставете ги исправено по должината на телото. За оваа вежба да биде уште поуспешна пожелно е во рацете да имате и некаква тежина. Во случај да не поседувате тегови, тогаш слободно послужете се со мали шишенца вода исполнети со песок. Навалувајте ја едната рака надоле, а другата паралелно подигајте ја. Потоа обратно. Таа рака која ви била голе почнете полека да ја спуштате додека другата ја подигнувате. Направете 50 повторувања.

3-vezbi-so-koi-brgu-kje-gi-sogorite-masnite-naslagi-na-stomakot-1.jpg


2. Ротација на половината

Оставете ги тегчињата и овојпат продолжете благо со проширување на нозете се додека не можете удобно да ги подсвиткате колената. Рацете исправете ги и поставете ги на тој начин што дланките ќе ви се допираат. Наизменично започнете со движење на рацете од левата кон десната страна. Како и во случајот со предходната вежба така и оваа направете ја со 50 повторувања.

3-vezbi-so-koi-brgu-kje-gi-sogorite-masnite-naslagi-na-stomakot-2.jpg


3. Префрлување

Откако завршивте со предходните две вежби сега легнете на подот исправени со нозете прилепени една кон друга и рацете дигнати високо над главата исто така, прилепени. Истовремено подигнувајте ги и нозете и рацете колку е можно повеќе. Кога ќе стигнете до положбата до која екстремитетите ви се највисоко, останете во таа положба неколку секунди и потоа започнете со благо спуштање надолу се додека не се најдете повторно целосно прилепени за земјата. Оваа вежба повторете ја 15 пати.

3-vezbi-so-koi-brgu-kje-gi-sogorite-masnite-naslagi-na-stomakot-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава