Ефективен кардио тренинг за кој ви требаат 9 минути во денот
Краток кардио тренинг кој е идеален за оние кои сакаат да вежбаат дома, без дополнителна опрема, користејќи ја само сопствената тежина.

Потребен ви е простор од метар на метар и само 9 минути. Секоја вежба се прави по 1 минута, па продолжувате на следната без паузи.
Што чекате? Пробајте уште денес:
1. Почнете со џогирање во место, со тоа што ќе ги подигате колената колку повисоко можете.

2. Спуштете се на лакти, испружете ги нозете и со во скок раширувајте и спојувајте ги.

3. Направете расчекор, скокнете и спуштете се во длабоко чучнување како жаба.

4. Направете расчекор нанапред, скокнете со тоа што ќе ја подигнете едната нога. Вратете се во првобитната положба.

5. Скокајте и ширете ги рацете и нозете во исто време.

6. Направете расчекор, па едната нога свиткајте ја наназад заедно со спротивната рака. Лева нога - десна рака и обратно.

7. Прескокнувајте преку замислено јаже.

8. Спуштете се на дланките, испружете ги рацете, спојте ги нозете и заедно префрлајте ги од една на друга страна.

9. За завршната вежба треба да ги протегнете веќе изморените нозе. Спуштете се во седечка положба, длабоко дишете, раширете ги рацете и со издишување подигнете се, како да мафтате.

М. Д. | Црнобело