10 вежби во вода за потенка половина и совршено обликувани нозе
Сите сакаме да намалиме некој килограм и да се вратиме во форма пред почетокот на летото и пред да дојде време да го покажеме телото на плажа.

Сепак постојат и такви кои се верни на вежбањето преку целата година. За нив вежбањето е начин на живот и не би го менувале за ништо на светот.
Доколку и вие спаѓате во оваа група и не сакате да го запоставите вежбањето ниту додека сте на одмор, ви нудиме 10 вежби во вода кои ќе ви помогнат да добиете потенка половина и совршено обликувани нозе.
1. Испружете ја напред едната рака и кревајќи ја спротивната нога обидете се да ги допрете прстите. Повторете ја вежбата 10 пати со секоја нога.

2. Исправете го грбот и свиткајте ја едната нога, задржувајќи ја со рацете. Стегајќи го стомакот обидете се да стоите во таа позиција.

3. Раширете ги нозете во ширина на рамената и со рацете правете движења во форма на ножички.

4. „Чекорете“ во место така што ќе ги кревате колената повисоко и ќе ги движите рацете исто како кога трчате.

5. Застанете исправено и свиткувајќи ја ногата во коленото обидете се да ја подигнете наназад најмногу што можете.

6. Застанете во вода така што таа ќе ви биде до градите. Спојте ги стапалата и ставете го рацете на половината и движете ги само колковите.

7. Преклопете ги рацете една над друга и со брзи движења горе-долу масирајте го пределот на стомачните мускули.

8. Застанете со споени нозе, раширени раце и дланки свртени надолу. Како што скокате со нозете настрана, рацете се спојуваат пред вас.

9. Застанете во плиткиот дел и вежбајте ги стомачните мускули така што истовремено ќе ги подигнувате и грбот и нозете но без целосно да ги спуштите на земја.

10. Игрите во вода, како што е на пример одбојката, се одличен начин да останете во форма дури и за време на летниот одмор.

М. С. | Црнобело