7-те најефикасни вежби за ослободување од подбрадокот

Правилната исхрана и вежбите секако дека помагаат да се ослободите од вишокот килограми и насобраното сало.

7te-najefikasni-vezbi-za-osloboduvanje-od-podbradokot-01.jpg

Но, ако сакате да се ослободите од подбрадокот ќе морате да правите специјални вежби.

Прво, ги загревате мускулите

7te-najefikasni-vezbi-za-osloboduvanje-od-podbradokot-1.jpg

Како и сите други мускули, така и овие,треба прво да ги загреете со движења нанапред и наназад, бавно. А, потоа, и од лево кон десно со движење на брадата. Движењата повторувајте ги од 8 до 10 пати.

1. Собирање

Отворете ја устата и долните усни ставете ги над забите и така почнете да ја отворате и затворате устата. Вежбата повторувајте ја од 5 до 7 пати.

7te-najefikasni-vezbi-za-osloboduvanje-od-podbradokot-2.jpg

2. Допирање на носот

Исплазете го јазикот колку можете подалеку како да се обидувате да го допрете носот, а потоа вратете го во нормалана положба. Оваа вежба повторувајте ја 5 пати.

7te-najefikasni-vezbi-za-osloboduvanje-od-podbradokot-3.jpg

3. Совршено овално лице

Поставете ја главата на една страна и исправајте ја вилицата нанапред за да го зацврстите мускулот на вратот. Потоа свртете се на другата страна и повторете ја вежбата. Истата треба да ја повторите 5 пати.

7te-najefikasni-vezbi-za-osloboduvanje-od-podbradokot-4.jpg

4. „Бакнување на жирафа“

Замислете си дека треба да бакнете жирафа или некој кој е многу висок, без да се подигнете на прсти. Испакнете ги усните и така држете од 5 до 8 секунди. Вежбата повторете ја 5 пати.

7te-najefikasni-vezbi-za-osloboduvanje-od-podbradokot-5.jpg

5. Отпор

Направете две тупаници и ставете ги директно на брадата. Потоа почнете да ја движите брадата надолу вршејќи притисок со тупаниците. Држете 3 секунди, а потоа правете кратка пауза. Вежбата повторете ја 5 до 7 пати.

7te-najefikasni-vezbi-za-osloboduvanje-od-podbradokot-6.jpg

6. Насмевка

Широко насмевнете се и покажете ги забите со активирање на сите мускули околу усните и вратот. Држете 5 секунди, а потоа отпуштете. Вежбата повторете ја 5 до 8 пати.

7te-najefikasni-vezbi-za-osloboduvanje-od-podbradokot-7.jpg

7. Подуени образи

Вдишете длабоко и наполнете ја усната шуплина со воздух. Затворете ја устата и истискајте го воздухот надвор со рацете. Повторете ја вежбата 5 до 6 пати.

7te-najefikasni-vezbi-za-osloboduvanje-od-podbradokot-8.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 чести грешки во теретана поради кои не гледате резултати (и го зголемувате ризикот од повреди) Ако не ги поставите рацете правилно кога правите склекови, не само што нема да з...
Вежби за истегнување кои ќе ве спасат од болки во телото и вкочанетоста заради долго седење Можете значително да ги намалите болките и вкочанетоста во грбот, вратот, нозете...
7 причини зошто треба да почнете да пешачите секое утро Утринската прошетка ќе ве расони, ќе ви помогне да го согорите вишокот масти, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg