Најстарата јога инструкторка обожава вино, а никогаш не пие вода

Веќе подолго време на социјалните мрежи имаме посебен тип на ѕвезди, оние кои се фитнес инструкторки и јога инструкторки кои ни покажуваат како се живее здрав живот.

najstarata-joga-instruktorka-obozava-vino-a-nikogash-ne-pie-voda-01.jpg

Но, ниту една од нив не може да се спореди со 98-годишната Тао Порчон-Линч од Хартсдејл, Њујорк.

najstarata-joga-instruktorka-obozava-vino-a-nikogash-ne-pie-voda-1.jpg

За разлика од повеќето познати јога инструктори таа носи големи обетки, шарени големи нокти и високи потпетици (освен кога вежба јога) и обожава вино.

najstarata-joga-instruktorka-obozava-vino-a-nikogash-ne-pie-voda-2.jpg

Всушност, таа пие само два типа на пијалаци, вино и чај, а никогаш вода.

Заедно со сопругот уште во 1967-та година го основале клубот за вино, „American Wine Society“, а откако тој починал во 1982-та година, Линч станала јога инструктор.

najstarata-joga-instruktorka-obozava-vino-a-nikogash-ne-pie-voda-3.jpg

Љубовта кон јогата ја има уште од мала возраст, бидејќи таа е родена во Индија.

najstarata-joga-instruktorka-obozava-vino-a-nikogash-ne-pie-voda-4.jpg

Досега имала 3 операции на колковите, но тоа не ја спречува да продолжи да вежба, таа дури го држи и Гинисовиот рекорд за најстар јога инструктор.

najstarata-joga-instruktorka-obozava-vino-a-nikogash-ne-pie-voda-5.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 вежби за истегнување на канцеларискиот стол, со кои ќе ги намалите болките и вкочанетостa Работењето во канцеларија си има свои предности, но од друга страна значи и мину...
Вежби за истегнување кои ќе ве спасат од болки во телото и вкочанетоста заради долго седење Можете значително да ги намалите болките и вкочанетоста во грбот, вратот, нозете...
„Истегнувањето не помага“ - Ослободете се од болките во вратот со 3 лесни вежби (видео) „Болките во вратот настануваат како последица на неправилно седење, па само исте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg