Луѓето кои објавуваат фотки на Фејсбук од себе како вежбаат, патат за внимание

Бидете искрени... Сигурно имате барем еден, ако не и повеќе, пријатели кои секогаш мораат да ги објавуваат своите фитнес активности.

zoshto-sleden-pat-dvapati-treba-da-pomislite-dali-da-objavite-fotka-od-vezbanje-na-fejsbuk-01.jpg

Кога ќе ги прочитате тие објави или успевате да најдете мотивација уште рано наутро или пак едноставно се нервирате и само ги „скролате“ надолу и игнорирате. Сè зависи од тоа колку сте расположени да гледате испотени тела, развиени мускули...

Научниците од Универзитетот Брунел во Лондов направиле истражување за да откријат зошто луѓето го споделуваат своето секојдневно вежбање на социјалните мрежи, а резултатите не се многу позитивни (кажано во најфина смисла на зборот).

Зависни од внимание

Луѓето кои секогаш мораат да ги споделат своите фитнес активности во основа се нарциси. Според истражувачите, примарната цел на ваквите објави е да се покаже колку инвестирате во вашиот изглед. Истражувањето исто така, открива и дека овие статуси се најмногу „лајкувани“ на Фејсбук.

„Нарцисите почесто ги објавуваат своите постигнувања, а ваквите објави во основа се мотивирани од потребата за внимание и валидација од Фејсбук заедницата“ - заклучуваат истражувачите.

Високиот број на лајкови на ваквите објави не мора да значи дека сите сакаат да ги гледаат ваквите постови.

Докторката Тара Маршал додава: „Иако нарцисите на овој начин добиваат внимание преку коментарите и лајковите кои ги добиваат, тоа не значи дека нивните пријатели ги поддржуваат и сакаат ваквите егоистични изразувања, туку едноставно така културно им нудат поддршка, а потајно ги презираат.“

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
Стефан Спирковски за трансформацијата на телото за 60 дена: „Имаше денови кога морав да ‘запнам’“ „Имаше денови кога бев многу мотивиран, а имаше и денови кога не ми беше до ништ...
Фитнес инфлуенсерка покажува како навистина изгледа кога не позира и не ги уредува фотките Подуен стомак и мускули кои не се секогаш дефинирани – фитнес инфлуенсерка споде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg